Цветанка Зојчевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цветанка Зојчевска
Родена Цветанка Зојчевска
27 февруари 1946
Прилеп, СФРЈ (денес Македонија)
Националност Македонка
Занимање новинарка, театарска критичарка

Цветанка Зојчевска (Прилеп, 27 февруари 1946) — македонска новинарка и театарска критичарка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена е во Прилеп на 27 февруари 1946 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела долги години како новинар во весникот „Вечер“, а во 2000 година станала уредник на културната рубрика во весникот „Вест“. Во 1990 година започнала да се занимава со театарска критика и оттогаш има напишано над 700 критики. Автор е на книгата „Идентитетот не е нејасна магла“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 577. ISBN 978-608-203-024-1.