Царството на волшебникот од Оз (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Царството на волшебникот од Оз е американски филм, во режија на Сем Раими.

Факти за филмот[уреди | уреди извор]

Филмот е режиран од страна на познатиот режисер Сем Раими, а главните улоги ги толкуваат Џејмс Франко, Мишел Вилијамс, Рејчел Вајс, Мила Кунис и Зак Браф.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Оскар Дигс, кого го глуми Џејмс Франко, е циркуски магионичар од Канзас, кого едно торнадо го носи во непознатата земја Оз. Тој е разочаран од својата работа како провинциски циркуски магионичар и сонува да стане голем како Томас Едисон. Таму ги среќава трите сестри, вештерките Теодора, Еванора и Глинда, од кои, Глинда е добрата вештерка која сака да ја спаси земјата Оз од лошите намери на нејзиите сестри. На почетокот, сите во земјата Оз мислат дека Оскар е големиот волшебник кој треба да ја спаси земјата, но вештерките набргу откриваат дека тој е само обичен смртник. Оскар, пак, сака да го земе богатството кое му припаѓало на кралот на Оз и со него да избега во родниот Канзас. Сепак, кога се запознава со проблемите со кои се соочуваат жителите на Оз, тој постепено станува добар и се согласува да им помогне. Користејќи го своите магионичарски трикови и оптичките илузии, тој успева да ги победи лошите вештерки и да им ја донесе слободата на добрите луѓе од Оз.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Антена, бр. 803, 15.11.2013, стр. 3.