Јапонска царска армија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Царска јапонска армија)
Јапонска царска армија
大日本帝國陸軍
Дај-нипон тејкоку рикугун
Знамето на Јапонската царска армија
Активна1868–1945
Земја Јапонска империја
Припадност Цар на Јапонија
ВидАрмија
УлогаВоени копнени сили
Големина6,095,000 (август 1945)
Дел одЦарски вооружени сили
Бои     Црвена      Бела
Битки
Обележја
Infantry Regimental Colour

Јапонска царска армија (јап. 大日本帝國陸軍 — дај-нипон тејкоку рикугун) ― официјална копнена војска на Јапонското Царство од 1868 до 1945 година. Била контролирана од Канцеларијата на Генералштабот на Јапонската царска армија и Министерството за армија, кои номинално биле подредени на јапонскиот цар како врховен командант на армијата и на Јапонската царска морнарица. Подоцна, Генералниот инспекторат за воздухопловство станал трета агенција која вршела надзор над армијата. Во воени услови или за време на национални вонредни случаи, командните функции на царот би биле централизирани во Царскиот генералштаб, ад хок тело кое се состоело од началникот и заменик-началникот на Генералштабот на армијата, министерот за армија, началникот и заменик-началникот на Генералштабот на морнарицата, генералниот инспектор за авијација и генералниот инспектор за воена обука.

Историја[уреди | уреди извор]

Основање[уреди | уреди извор]

Кон средината на 19 век, Јапонија немала обединета национална армија и земјата била поделена на феудални домени (хан) а целокупната контрола врз нив ја имал шогунатот Токугава (бакуфу), кој владеел со Јапонија од 1603 година.

Царската армија официјално била основана во март 1871 година, по завршувањето на Бошинската војна и консолидацијата на моќта на царот. Во тоа време се состоела од девет пешадиски баталјони, две артилериски батерии и две коњанички ескадрили,[1] со вкупно 6.000 луѓе.[2] Иако формално царот е нејзин врховен командант, скоро секогаш со неа управуваат Воениот оддел и Генералштабот на армијата.

Принцот Аритомо Јамагата, фелдмаршал во Јапонската царска армија и двапати премиер на Јапонија. Јамагата Аритомо може да се смета за татко на јапонскиот милитаризам.

Регрутирање[уреди | уреди извор]

Со уредбата за регрутирање, донесена на 10 јануари 1873 година, воената служба станала задолжителна за мажи во земјата. Законот предвидувал вкупно седум години воена служба: три години во редовна војска (jōbigun), две години во резервен состав (dai'ichi kōbigun) и уште две години во втората резерва (daini kōbigun). [2] Сите работоспособни мажи на возраст од 17 до 40 години се сметале за членови на националната гарда (kokumingun), која би била служба само во тешка национална криза, како напад или инвазија на Јапонија. Според новата уредба од 1873 година, регрутната војска била составена претежно од втори и трети синови на сиромашни земјоделци кои раководеле со регионалните гарнизони, а поранешните самураји ги контролирале Царската гарда и гарнизонот во Токио.[3]

Понатамошен развој и модернизација (1873–1894)[уреди | уреди извор]

Странска помош[уреди | уреди извор]

Раната Царска јапонска армија била развиена со помош на советници од Франција.[4] Но, по поразот на Франција во 1871 година, јапонската влада се префрлила на германскиот модел. Од 1886 до април 1890 година, таа ангажирала германски воени советници (мајор Јакоб Мекел, во 1888 година заменет од фон Вилденбрик и капетан фон Бланкенбург) кои требало да помогнат во обуката на јапонскиот Генералштаб. Во 1878 година, била основана Канцеларијата на Генералштабот на Јапонската царска армија, заснована на моделот на германскиот Генералштаб; таа била поставена под директна команда на царот и добила широки овластувања за воено планирање и стратегија.

Тајванска експедиција[уреди | уреди извор]

Јапонската инвазија на Тајван со кој владеела династијата Ќинг во 1874 година била казнена експедиција на јапонските воени сили како одговор на инцидентот во Мудан од декември 1871 година. Народот Пајван, кој е домороден народ на Тајван, убил 54 членови од екипажот на трговски брод од Кралството Рјукју. Царството Јапонија ова го искористила како изговор за да го потврди суверенитетот врз Кралството Рјукју и за да се обиде истото да го направи и со Тајван, кој бил територија на Ќинг. Тоа било прво распоредување на Јапонската царска армија и морнарица во странство. [4]

Грофот Ноги Маресуке, генерал во Јапонската царска армија и трет гувернер на Тајван

Во 1890-тите, Јапонската царска армија прераснала во најмодерна армија во Азија: добро обучена, добро опремена и со добар морал. Сепак, во основа таа била пешадиска војска на која ѝ недостигале коњаница и артилерија во споредба со нејзините европски современици.

Прва кинеско-јапонска војна[уреди | уреди извор]

Јапонски трупи за време на кинеско-јапонската војна

Од самиот почеток, развојот на настаните во Кореја бил внимателно следен во Токио. Јапонската влада наскоро се уверила дека бунтот во Донгак ќе доведе до кинеска интервенција во Кореја. Како резултат на тоа, веднаш откако дознала дека корејската влада побарала кинеска воена помош, јапонската влада наредила сите воени бродови во близина да бидат испратени во Пусан и Чемулпо.[5] На 9 јуни, формација од 420 рикусентаи била испратена во Сеул, каде што привремено служеле како противтежа на кинеските трупи стационирани во Асан.[5] Истовремено, Јапонците одлучиле да испратат уште една бригада од околу 8.000 војници во Кореја.[5] Бригадата и помошните единици, под команда на генералот Ошима Јошимаса била целосно транспортирана во Кореја на 27 јуни. [5] Јапонците ги известиле Кинезите дека се подготвени да ја повлечат бригадата ако тие претходно го напуштат Асан. [5] Меѓутоа, кога на 16 јули, 8.000 кинески војници се истовариле во близина на устието на реката Таедонг за да ги зајакнат кинеските гарнизони во Пјонгјанг, Јапонците му поставиле ултиматум на Ли Хонгжанг, и му се заканиле дека ќе преземат акција доколку дополнителни трупи бидат испратени во Кореја. Исто така, генералот Ошима во Сеул и командантите на јапонските воени бродови во корејските води добиле наредби со кои им се дозволува да започнат воени операции ако Кинезите испратат уште војници во Кореја.[5] И покрај овој ултиматум, Ли сметал дека Јапонците блефираат и се обидуваат да ја испитаат кинеската подготвеност да направат отстапки. [5] Затоа, тој одлучил да ги зајакне кинеските сили во Асан со дополнителни 2.500 војници, од кои 1.300 пристигнале во Асан во текот на ноќта меѓу 23 и 24 јули. Во исто време, во раните утрински часови на 23 јули, Јапонците ја презеле контролата врз Кралската палата во Сеул и го затвориле кралот Гојонг, принудувајќи го да се откаже од врските со Кина.[5]

За време на речиси двомесечниот интервал пред објавувањето на војната, двата воени штабови развиле оперативен план во две фази против Кина. Петтата дивизија на армијата ќе се истовари во Чемулпо за да го спречи напредувањето на Кинезите во Кореја, а морнарицата ќе ја ангажира флотата Бејанг во решавачка битка за да обезбеди контрола врз морињата.[3]

Судирите меѓу кинеските и јапонските сили во Пунгдо и Сеонгван предизвикале неповратни промени во кинеско-јапонските односи.[5] Двете влади официјално објавиле војна на 1 август. Првично, целта на генералштабот била да го обезбеди Корејскиот полуостров пред зимата, а потоа да стационира сили во близина на Шанхаигуан.[3] Меѓутоа, бидејќи морнарицата не можела навреме да ја доведе флотата Бејанг. [3] Како последица на тоа, кон крајот на август генералштабот наредил напредување преку копно за да ги заземе базите на полуостровот Љаодунг. [3] На 1 септември била активирана Првата армија со две дивизии. На 17 септември, кинеските сили биле поразени во Пјонгјанг и Јапонците го окупирале градот, а преостанатите кинески трупи се повлекле на север. Неверојатната победа на морнарицата во Јалу на 17 септември била клучна за Јапонците бидејќи ѝ дозволила на Втората армија во средината на октомври со три дивизии и една бригада непречено да се истовари на Полуостровот Љаодунг на околу 100 милји северно од Порт Артур, кој го контролирал влезот во Бохајскиот Залив.[3] Додека, Првата армија ги гонела преостанатите кинески сили од Кореја преку реката Јалу, Втората армија на 8 ноември го окупирала градот Даирен, а на 25 ноември ги зазела тврдината и пристаништето во Порт Артур. Подалеку на север, офанзивата на Првата армија запрела поради проблеми со снабдувањето и зимата. [3]

Боксерско востание[уреди | уреди извор]

Во 1899-1900 година, нападите на боксерите против странците во Кина се интензивирале, што резултирало со опсада на дипломатските легации во Пекинг. На крајот била формирана меѓународна војска составена од британски, француски, руски, германски, италијански, австроунгарски, американски и јапонски трупи за да ги ослободи легациите. Јапонците учествувале со најмногу војници (20.840) како и со 18 воени бродови.

Напредните единици од 5-та дивизија заминале за Кина, со што бројот на јапонски војници достигнал 3.800, од тогашните вкупно 17.000 сојузнички војници. [3] Командантот на 5-та дивизија, генерал-полковник Јамагучи Мотоми, ја презел оперативната контрола од Фукушима. Втора, посилна сојузничка експедициска армија на 14 јули упаднала во Тијанџин, и го окупирала градот.[3] Потоа сојузниците се консолидирале и го чекале остатокот од 5-та дивизија и други сојузнички засилувања. На почетокот од август, експедицијата притиснала кон главниот град каде што на 14 август ја прекинала опсадата на Боксерите. Дотогаш, јапонската војска од 13.000 војници сочинувала околу 40 отсто од приближно 33.000 сојузнички експедициски сили.[3] Јапонските војници вклучени во борбите добро се покажале, иако британски воен набљудувач забележал дека нивната агресивност, густо набиените формации и преголемата желба за напад ги чинеле прекумерни жртви.[3] На пример, за време на борбите во Тијанџин, Јапонците, иако сочинувале помалку од една четвртина (3.800) од вкупната сојузничка војска од 17.000, претрпеле повеќе од половина од жртвите, 400 од 730. [3] Слично било и во Пекинг., Јапонците, кои сочинувале нешто помалку од половина од јуришната сила, учествувале речиси со две третини од загубите, 280 од 453. [3]

Руско-јапонска војна[уреди | уреди извор]

Ошима Кеничи, министер за војна во тој период
Пушката тип 38 била усвоена од Јапонската царска армија во 1905 година

Руско-јапонската војна (1904-1905) била резултат на тензиите меѓу Русија и Јапонија, кои главно се појавија од ривалските империјалистички аспирации кон Манџурија и Кореја. Јапонската војска им нанела големи загуби на Русите; сепак не била во можност да им зададе решавачки удар на руските војски. Преголемото потпирање на пешадијата довело до големи жртви меѓу јапонските војници, особено за време на опсадата на Порт Артур.[се бара извор]

Прва светска војна[уреди | уреди извор]

Царството Јапонија влегло во војната на страната на Антантата. Иако биле направени привремени планови за испраќање на експедициска сила од 100.000 до 500.000 војници во Франција, [4] на крајот единствената акција во која била вклучена Јапонската царска армија бил внимателниот и добро изведен напад на германската концесија на Ќингдао во 1914 година. [4]

Меѓу двете светски војни[уреди | уреди извор]

Сибирска интервенција[уреди | уреди извор]

Команданти и началници на Генералштабот на сојузничката воена мисија во Сибир, Владивосток за време на сојузничката интервенција

Во текот на 1917-1918 година, Јапонија продолжила да го шири своето влијание и привилегии во Кина. За време на Сибирската интервенција, по распадот на Руското Царство по Болшевичката револуција, Јапонската царска армија планирала да испрати преку 70.000 војници за да го окупира Сибир до Бајкалското Езеро. Генералштабот на армијата сметал дека отцепувањето на Сибир и формирање независна тампон држава е можност за Јапонија да се ослободи од секаква идна закана од Русија.[6] На планот се противеле САД.

Во јули 1918 година, претседателот на САД, Вудро Вилсон, од јапонската влада побарал да обезбеди 7.000 војници како дел од меѓународната коалиција од 24.000 војници за поддршка на американските експедициски сили Сибир. [4] По жестоката дебата во Собранието, владата на премиерот Тераучи Масатаке се согласила да испрати 12.000 војници, но под команда на Јапонија, а не како дел од меѓународна коалиција. Јапонија и САД испратиле сили во Сибир за да ги зајакнат војските на водачот на белото движење адмирал Александар Колчак против болшевистичката Црвена армија.

Откако била донесена политичката одлука, Јапонската царска армија ја презела целосната контрола и до ноември 1918 година, повеќе од 70.000 [4] јапонски војници ги окупирале сите пристаништа и поголеми градови во рускиот Приморски Крај и источен Сибир.

Во јуни 1920 година, откако Црвената армија го уапсила и егзекутирала водачот на Белата армија, адмирал Колчак, САД и нивните сојузнички коалициски партнери се повлекле од Владивосток. Сепак, Јапонците одлучиле да останат, првенствено поради стравувањата од ширењето на комунизмот во Јапонија и Кореја под контрола на Јапонија. Јапонската армија обезбедила воена поддршка на Привремената влада на Приамурје, поддржана од Јапонија, со седиште во Владивосток, против Далечната источна република поддржана од Москва.

Продолженото јапонско присуство ги загрижувало на Соединетите Држави, кои се сомневале дека Јапонија има територијални претензии во Сибир и на Рускиот Далечен Исток. Подложена на интензивен дипломатски притисок од страна на Соединетите Американски Држави и Велика Британија, и соочена со зголемено домашно противење поради економската и човечката цена, администрацијата на премиерот Като Томосабуро во октомври 1922 година ги повлекла јапонските војници.[4]

Подем на милитаризмот[уреди | уреди извор]

Во 1920-тите, Јапонската царска армија брзо се зголемувала и во 1927 година броела 300.000 војници. За разлика од западните земји, Армијата уживала голема независност од владата. Според одредбите на Уставот на Меиџи, министерот за армија бил одговорен само пред самиот цар (Хирохито), но не и пред избраната цивилна влада. Армијата го контролирала назначувањето на министерот за армија, а во 1936 година бил донесен закон со кој се пропишува дека функцијата може да ја извршува само активен генерал или генерал-полковник.[4]

Јапонската царска армија првично била позната како Армија (рикугун), но по 1928 година, како дел од свртувањето на Армијата кон романтичен национализам и исто така во служба на нејзините политички амбиции, таа се преименувала во Царска армија (когун).

Конфликт со Кина[уреди | уреди извор]

Амфибиски јуришен брод на ЈЦА, Шиншу Мару, првиот десантен брод-носач на занаетчиски брод во светот кој е дизајниран како таков.

Во 1931 година, Јапонската царска армија имала вкупно 198.880 офицери и војници, организирани во 17 дивизии.[7] Манџурискиот инцидент бил божемна саботажа на локалната железница во јапонска сопственост, напад кој го организирала Јапонија, но за кој биле обвинети кинеските дисиденти. Акцијата на војската, во голема мера независна од цивилната влада, во 1931 година довела до инвазија на Манџурија а во 1937 година и до Втората кинеско-јапонска војна. Како што се приближувала војната, влијанието на Царската армија кај императорот слабеела, а влијанието на царската морнарица се зголемувало. [4] Во 1938 година Армијата била проширена на 34 дивизии.[8]

Конфликт со Советскиот Сојуз[уреди | уреди извор]

Од 1932 до 1945 година, Царството Јапонија и Советскиот Сојуз имале низа гранични конфликти. Јапонија, како резултат на доктрината Хокушин-рон ги поставила своите воени нишани на советска територија, а создавањето на марионетска држава во Манџурија ги довело двете земји во конфликт. Војната не била континуирана, а во последните битки (Битката кај езерото Касан и битките кај Калхин Гол) завршиле со решавачка победа на Советите. Конфликтите престанале со потпишувањето на Советско-јапонскиот пакт за неутралност на 13 април 1941 година.[9] Меѓутоа, подоцна, на Конференцијата во Јалта, Сталин се согласил да ѝ објави војна на Јапонија; и на 5 август 1945 година, Советскиот Сојуз го поништил договорот за неутралност со Јапонија.[10]

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

Армиски униформи помеѓу 1941 и 1945 година (постер на американската армија)

Во 1941 година, Јапонската царска армија имала 51 дивизија [8] и разни артилериски, коњаници, противвоздушни и оклопни единици за специјални намени со вкупно 1.700.000 луѓе. На почетокот на Втората светска војна, најголемиот дел од јапонската армија (27 дивизии) бил стациониран во Кина. Уште 13 дивизии ја бранеле монголската граница, поради загриженоста за можен напад од страна на Советскиот Сојуз. [8] Во 1942 година, војниците биле испратени во Хонгконг (23-та армија), Филипините (14-та армија), Тајланд (15-та армија), Бурма (15-та армија), Холандска Источна Индија (16-та армија) и Малаја (25-та армија). [8] Во 1945 година, имало 6 милиони војници во Јапонската царска армија.

Тип 38 пушка
Тип 97 Чи-Ха, најчесто произведуван јапонски среден тенк во Втората светска војна
Лесен митралез тип 99

Во 1943 година, јапонските трупи страдале од недостиг на залихи, особено храна, лекови, муниција и вооружување. Недостатокот на залихи придонел многу борбени авиони да станат неупотребливи поради недостаток на резервни делови,[11] и „дури две третини од вкупните воени смртни случаи во Јапонија биле резултат на болест или глад“. [12]

Плата[уреди | уреди извор]

Во споредба со соодветните армии во Европа или Америка, војниците во Јапонската царска армија добивале прилично ниска плата; сепак, трошоците за живот во Јапонија биле исто така пониски од повеќето западни земји.

Воени злосторства[уреди | уреди извор]

Индонезиски деца регрути обучени од јапонски офицери како жив штит, 1945 година

Во текот на Втората кинеско-јапонска војна и Втората светска војна, Јапонската царска армија покажала огромна бруталност и учествувала во бројни злосторства против цивили, како и воени затвореници - масакрот во Нанкин е најпознат пример.[4] Други воени злосторства извршени од страна на Јапонската царска армија вклучуваат силување и присилна проституција, маршеви на смртта, употреба на биолошка војна против цивили и погубување на воени заробеници. Ваквите ѕверства во текот на војната предизвикале многу милиони смртни случаи.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Drea 2003.
  2. 2,0 2,1 Jaundrill 2016.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 Drea 2009.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 Harries & Harries 1994.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 5,8 Olender 2014.
  6. Humphreys 1996.
  7. Kelman, p. 41
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Jowett 2002.
  9. Soviet-Japanese Neutrality Pact April 13, 1941. (Avalon Project at Yale University)
  10. "Battlefield – Manchuria – The Forgotten Victory", Battlefield (documentary series), 2001, 98 minutes.
  11. Bergerund, Eric. Fire in the Sky (Boulder, CO: Westview Press, 2000).
  12. Gilmore 1998.
  13. „Sterling and Peggy Seagrave: Gold Warriors“. The Education Forum.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Drea, Edward J. (2009). Japan's Imperial Army: Its Rise and Fall, 1853–1945. Lawrence, Kansas: University Press of Kansas. ISBN 9780803217089.
  • Drea, Edward J. (2003). „The Imperial Japanese Army (1868–1945): Origins, Evolution, Legacy“. War in the Modern World Since 1815. Routledge. ISBN 0415251400.
  • Gilmore, Allison B. (1998). You Can't Fight Tanks with Bayonets: Psychological Warfare against the Japanese Army in the South West Pacific. Lincoln, Nebraska: University of Nebraska Press. ISBN 0803221673.
  • Harries, Meirion; Harries, Susie (1994). Soldiers of the Sun: The Rise and Fall of the Imperial Japanese Army. New York: Random House. ISBN 0679753036.
  • Humphreys, Leonard A. (1996). The Way of the Heavenly Sword: The Japanese Army in the 1920s. Stanford University Press. ISBN 0804723753.
  • Jansen, Marius B. (2002). The Making of Modern Japan. Harvard University Press. ISBN 0674003349.
  • Jaundrill, Colin D. (2016). Benjamin A. Haynes (уред.). Samurai to Soldier: Remaking Military Service in Nineteenth-Century Japan. Melissa Haynes. Cornell University Press. ISBN 9781501706646.
  • Jowett, Philip (2002). The Japanese Army 1931–45 (1). Botley, Oxford: Osprey Publishing. ISBN 1841763535.
  • Olender, Piotr (2014). Sino-Japanese Naval War 1894–1895. MMPBooks. ISBN 9788363678302.
  • Orbach, Danny (2017). Curse on This Country: The Rebellious Army of Imperial Japan. Cornell University Press. ISBN 978-1501708336.
  • Ravina, Mark (2004). The Last Samurai : The Life and Battles of Saigō Takamori. John Wiley & Sons. ISBN 0471089702.

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

  • Баркер, Еј Џеј (1979) Прирачник за јапонска армија, 1939–1945 (Лондон: Ијан Алан, 1979)
  • Најдобро, Антониј. (2002) Британското разузнавање и јапонскиот предизвик во Азија, 1914–1941 година (Палгрејв/Макмилан, 2002).
  • Денфелд, Д. Колт. (1997) Hold the Marianas: The Japanese Defense of the Mariana Islands (White Mane Publishing Company, 1997).
  • Кукс, АД (1985) Номонхан: Јапонија против Русија, 1939 година (Стенфорд УП, 1985)
  • Coox, AD (1988) „The Effectiveness of the Japanese Military Establishment in the Second World War“, во AR Millett and W. Murray, eds, Military Effectiveness, Volume III: the Second World War (Allen & Unwin, 1988), pp. . 1–44
  • 0803217080
  • Форд, Даглас. (2008) „Најдобро опремената армија во Азија“?: американско воено разузнавање и Јапонската царска армија пред војната во Тихиот Океан, 1919–1941 година“. Меѓународно списание за разузнавање и контраразузнавање 21.1 (2008): 86–121.
  • Форд, Даглас. (2009) „Разбивање на митовите за „помалите луѓе“ и „надлуѓето“: американското разузнавање за Јапонската царска армија по падот на Филипините, зима 1942 до пролет 1943 година“. Разузнавање и национална безбедност 24.4 (2009): 542–573. онлајн
  • Фрихстук, Сабине. (2007) Немирни воини: Пол, меморија и популарна култура во јапонската армија (Univ of California Press, 2007).
  • Грул, Вернер. (2010) Втората светска војна на Империјална Јапонија: 1931–1945 година (Transaction Publishers).
  • 0760311455
  • Кублин, Хајман. „Модерната“ армија на раната Меиџи Јапонија“. The Far Eastern Quarterly, 9#1 (1949), стр. 20–41.
  • Kuehn, John T. (2014) Воена историја на Јапонија: од ерата на самураите до 21-от век (ABC-CLIO, 2014).
  • Норман, Е. Херберт. „Војник и селанец во Јапонија: потеклото на регрутирањето“. Пацифички работи 16#1 (1943), стр. 47–64.
  • Ротман, Гордон Л. (2013) Јапонската армија во Втората светска војна: Освојување на Тихиот Океан 1941–42 (издавање Блумсбери, 2013).
  • Ротман, Гордон Л. (2012) Јапонски пешадија 1937–45: Меч на империјата (Блумсбери, 2012).
  • Сисемор, мајор Џејмс Д. (2015) Руско-јапонската војна, лекции што не се научени (Пикл парнерс публишинг, 2015).
  • Приказна, Ричард . (1956) „Фашизмот во Јапонија: Армискиот бунт од февруари 1936 година“ Историја денес (ноември 1956) 6#11 стр. 717–726.
  • Вуд, Џејмс Б. (2007) Јапонската воена стратегија во војната во Тихиот Океан: Дали поразот беше неизбежен? (Роуман и Littlefield Publishers, 2007).
  • Јене, Бил. (2014) Јапонската царска армија: Непобедливите години 1941–42 (издавање Блумсбери, 2014).

Основни извори[уреди | уреди извор]

  • Военото одделение на САД. ТМ 30–480 Прирачник за јапонските воени сили, 1942 (1942) онлајн ; 384 стр. многу детален опис на IJA за време на војна од страна на разузнавањето на американската армија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]