Прејди на содржината

Царот се забавува

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Царот се забавува“ (српскохрватски: Car se zabavlja) — југословенски тв-филм од 1975 година, во режија на Берислав Макаровиќ, снимен по сценариото на Гојко Шобота. Главен камерман е Маријан Перчиниќ. Улогите ги играат: Јован Личина, Божидар Бобан, Тонко Лонза, Владимир Медан, Златко Црнковиќ, Вања Драх, Изет Хајдархоџиќ, Божидар Смиљаниќ, Крешимир Зидариќ, Душко Валентиќ, Драго Крча, Ива Марјановиќ и Мустафа Надаревиќ. Филмот бил награден на анонимниот конкурс распишан од Телевизија Загреб.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Филмот се состои од четири приказни, поврзани со царот Нерон, кој во секоја приказна ги става своите поданици на мачни искушенија со цел да ја открие нивната вистинска природа...