Прејди на содржината

Цанко Димковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Цанко Јорданов Димковски ( 1924 во Младо Нагоричане20 октомври 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 20 август 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите борби на Бригадата против непријателот на теренот кај Куманово и Велес. На 20 октомври истата година храбро загинал, во една тешка борба против балистите и Германците на реката Треска.[1]

  1. 1 2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 187. На |first= му недостасува |last= (help)