Цане Митровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цане Митровски
Роден 1920 година
Секулица, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 30 декември, 1944 година
Гнилане, Косово, Србија
Националност Македонец

Цане Ефремов Митровски ( 1920 во Секулица, Кратовско30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од крајно бедно земјоделско семејство. По завршување на основното четиригодишно училиште помагал на своите родители во одгледување стока и земјоделие. За време на окупацијата контактирал со понапредни луѓе, преку кои се запознал со народноослободителното движење. Изразил желба ѝ тој да се приклучи кон ова големо револуционерно дело. Па, така на 15 септември 1944 година, кога со група свои другари од селото пристапил во Месната команда во Кратово, а подоцна и во редовите на Седумнаесеттата македонска ударна бригада. Во борбите што ги водела бригадата крај селото Дренок, Варовиште и други места, тој покажал пример на лична храброст и пожртвуваност. Во една борба, крај селото Канарево-Кумановско, бил ранет, а во борбите во близината на Гнилане на 30 декември 1944 година загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 42–43.