ФК Војнца Сибиу

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ЦСУ Воинта Сибиу)
ЧСУ Воинца Сибиу
Целосно имеClubul Sportiv Universitar Voinţa Sibiu
Скратено имеВоинца Сибиу
Основан2007
Распуштен2012
СтадионМуничипал
(Капацитет: 14,000)
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои

ЧСУ Воинца Сибиу е поранешен романски фудбалски клуб од Сибиу, основан во 2007, а распуштен во 2012 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот се изборил за својата промоција на највисокото ниво на романскиот фудбал стигнувајќи од Лига 4 до Лига 1 за само 3 години.

Светлата историја на клубот започнала во сезоната 2010-2011, кога во романскиот куп, клубот обезбедил учество во кругот на најдобрите 32 тима, каде што се сретнал со прволигашот и локален соперник, Газ Метан Медиаш. Воинца Сибиу победил со 3-1 по продолженијата, со што обезбедил учество во осминафиналето, каде загубилна пенали од ФК Тимишоара.

На крајот од оваа сезона Воинца се изборил за првпат во својата историја да игра во Првата романска лига. Откако завршиле на 4. место во Лига 2, фудбалерите на клубот морале да играат во разигрувањето против Саџеата Наводари. Во првиот натпревар во Наводари, било 0-0, а во реваншот Воинца славела со 2-0. Со тоа, Воинца станала првиот тим од градот Сибиу, кој некогаш играл во првата романска лига, по цели 15 години, откако во сезоната 1995-1996 тоа му пошло од рака играше на клубот Интер Сибиу.

На почетокот од сезоната 2011-2012, Воинца во првото коло од Лига 1 се сретнала со најтрофејниот клуб во Романија, Стауа Букурешт. Во 88-мата минута Раду Негуц постигнал гол за Воинца и го израмнил резултатот со што донел голем бод за овој новооснован клуб. Првата победа во историјата во Лига 1, Воинца Сибиу ја забележала на 31 јули 2011, на гости кај Астра Плоешти, со победа од 1-0.

Воинца испаднала после само една сезона во елитната романска фудбалска лига, завршувајќи на 16. место на табелата, со 32 освоени бода.

После само 11 одиграни кола во Лига 2 2012–2013 Воинца се повлекла од првенството, поради големи долгови.[1] Со тоа клубот бил распуштен и престанал да постои.

Титули[уреди | уреди извор]

Лига III:

  • Победник (1): 2009–10

Лига IV:

  • Победник (1): 2008–09

Играчи[уреди | уреди извор]

Состав во сезоната 2011-2012 во единствената сезона на Воинца во Лига 1

Бр. Позиција Играч
1 Романија ГМ Ремус Данелаке
3 Романија ОД Николае Григоре
4 Романија НП Андреј Антохи
5 Романија СР Еуџен Беза
6 Романија ОД Рареш Форика
7 Романија СР Јулиан Попа
8 Романија СР Флорин Мажер
9 Романија НП Корнел Коман
10 Романија НП Раду Негут
11 Романија НП Кристјан Хардау
12 Романија ГМ Мариус Завои
13 Романија СР Кајус Лунгу
Бр. Позиција Играч
14 Романија ОД Мариус Бурлаку
16 Романија ОД Серџу Бар
17 Романија СР Даниел Татар
18 Романија ОД Дору Бујкан
19 Романија СР Јонуц Матеи
20 Романија НП Кристјан Чиган
22 Романија СР Клаудиу Бунеа
23 Романија ОД Думитру Апостол
24 Романија НП Александру Мартинеску
25 Романија СР Разван Длбеа
82 Романија ГМ Богдан Мирон

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ADIO Voinţa Sibiu! Hămbăşan a retras echipa din campionat“ (романски). November 9, 2012. Посетено на August 30, 2012.