Хусеин Тефиков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хусеин Тефиков е османлиски жандармериски офицер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Хусеин Тефиков е роден во Родопските Планини, тогаш во Отоманското Царство. Завршува Военото училиште во Софија, каде што негов соученик е Гоце Делчев. По завршувањето на студиите, Тефиков пристапува во османлиската армија и е назначен за началник на жандармеријата во Драмско. На 4 мај 1903 година неговите сили влегуват во борба со четата на Гоце Делчев во Баница, при што раководителот на ВМОРО е убиен. По конечното откривање на телото на Делчев, Тефиков не дозволува неговите посмртни останки да бидат осквернавени од турските војници.

Според очевидци на настаните, тој, пред борбата, постојано ја сигнализирал четата за приближувањето на потера со истрели, но ова предупредување не е разбрана [1]. На 12 април 1906 година, одредот предводен од Хусеин Тефиков, ја разбива четата на Христо Манов во селото Горенци [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Станчев, Васил, „Четвъртата версия за убийството на Гоце Делчев“, Стара Загора, 2003 г., стр. 4.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 98.