Влажна клима

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хумидна клима)

Влажна клима латински: humidus — влажен) — клима карактеристична за пределите каде севкупната годишна количина врнежи е поголема од испарувањето на тој простор. Ваквите услови се погодни за развој за површински текови, па поради тоа речните мрежи се многу густи и богати со вода. Ерозијата е поизразена за разлика од другите области. Најкарактеристична вегетација за пределите со влажна клима е шумата.

Поврзано[уреди | уреди извор]