Хулиета (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Хулиета“ (шпански: Julieta) е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар (Pedro Almodóvar) од 2016 година. Режисерот, исто така, е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Ема Суарес (Emma Suárez), Адријана Угарте (Adriana Ugarte), Даниел Грао (Daniel Grao), Инма Куеста (Inma Cuesta) и Дарио Грандинети (Darío Grandinetti). Филмот е заснован врз три кратки раскази од збирката „Побегната“ на Алис Манро. Филмоти бил номиниран за „Златната палма“, за БАФТАво категоријата најдобар странски филм, имал неколку номинации за Европските филмски награди, а ја освоил наградата за најдобар режисер која ја доделува Меѓународното здружение на филмофили.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Хулиета живее во Мадрид, но има намера со својот партнер Лоренцо да се пресели во Португалија. Меѓутоа, таа се откажува од својот план по една случајна средба со пријателката на својата ќерка. Тогаш, таа решава да направи резиме на животот и се присетува на најважните настани поради кои се отуѓила од својата ќерка...

Наводи[уреди | уреди извор]