Хуан де ла Коса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хуан де ла Коса
Хуан де ла Коса
Роден(а)меѓи 1450 и 1460
Сантоња, Шпанија
Починал(а)28 февруари 1510
Турбако, Колумбија
НационалностШпанец
ЗанимањеИстражувач

Хуан де ла Коса (околу 1450 – 28 февруари 1510) бил шпански истражувач и картограф, познат по тоа што ја создал прваа европска карта на двете Америки, откриени во 15 век. Тој бил клучна личност во првото и второто патување на Колумбо, бидејќи бил сопственик и капетан на бродот Санта Марија.


Во 1499 година, бил член на експедицијата на Алонсо де Охеда на Јужна Америка. Откако се вратил во Андалузија, ја исцртал познатата mappa mundi („светска карта“), а потоа со Родриго де Бастидас продолжил да истражува. Во 1509 година, ја започнал својата последна експедиција, повторно со Охеда, кон брегот што денес е Колумбија.

Умрел во вооружен конфликт со домородните луѓе.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Споменик посветен на Хуан де ла Коса во Сантоња, Кантабрија.

Никој не знае кога точно и каде е роден Хуан де ла Коса, но прифатена е хипотезата дека е роден во Сантоња, Калабрија,[2] бидејќи таму постојат документи според кои тој, неговата сопруга и неговата ќерка живееле во тој град.[3]

Датумот на неговото раѓање е исто така непознат, но се смета дека е роден меѓу 1450 и 1460 година, а не е позната никаква информација во врска со неговото детство. Се претпоставува дека како млад пловел околу Бискајскиот Залив како и околу Канарските Острови и Западна Африка.[4]

Првата сигурна информација поврзана со него потекнува од 1488 година, кога Хуан де ла Коса бил во Португалија. Во тоа време, истражувачот Бартоломео Диас пристигнал во Лисабон, откако стигнал до 'Ртот на Добрата Надеж. Се претспоставува дека Католичките кралеви го испратиле Хуан де ла Коса како шпион во тој град за да ги дознае информациите и деталите на тоа откритие. Успеал да се врати пред да биде заробен.[5]

На почетокот на 1490ти години, Хуан де ла Коса живеел во Пуерто де Санта Марија и поседувал брод нареќен Маригаленте или Галицијан.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Floyd, Troy (1973). The Columbus Dynasty in the Caribbean, 1492-1526. Albuquerque: University of New Mexico Press. стр. 135. 
  2. Cánovas del Castillo y Vallejo, p.11
  3. Bilbao, Pedro. Juan de la Cosa (на Spanish) (pdf). „VII Congreso de Estudios Vascos (Biarritz)“ (San Sebastián: Eusko Ikaskuntza): 321–328. ISBN 84-8419-931-2. http://www.euskomedia.org/PDFAnlt/congresos/07321328.pdf. посет. 5 јануари 2013 г. 
  4. Cervera Pery, José. Juan de la Cosa: el marino y el hombre (на Spanish). „Cuadernos Monográficos del Instituto de Historia y Cultura Naval“ (35): 49–57. http://www.armada.mde.es/ArmadaPortal/ShowBinaryServlet?nodePath=/BEA%20Repository/Desktops/Portal/ArmadaEspannola/Pages/documentacion_revistas/04_cuadernosIH/35_cuaderno35_es/03_capitulo_353_es//archivo. посет. 5 јануари 2013 г. 
  5. „Juan de la Cosa“ (Spanish). ArteHistoria. Архивирано од изворникот на 26 March 2010. конс. 5 January 2013.  Unknown parameter |df= ignored (помош)

Библиографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]