Хуан Фелипе Алвес Рибеиро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хуан Фелипе
Лични податоци
Полно име Хуан Фелипе Алвес Рибеиро
Роден на 5 декември 1987(1987-12-05)(36 г.)
Роден во Сао Висенте, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Вардар Вардар
Број 70
Младинска кариера
Сантос Сантос
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011 Санто Андре Санто Андре 14 (1)
2012 Ред Бул Бразил 2 (0)
2012–2013 Ориенте Петролеро 9 (1)
2013–2014 Сао Карлос 13 (1)
2014–2015 ЦСКА Софија ЦСКА Софија 28 (3)
2015–2018 Вардар Вардар 82 (24)
2018 Каират 24 (0)
2019– Вардар Вардар 1 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 10 јануари 2018

Хуан Фелипе Алвес Риберто,познат како Хуан Фелипе, (роден на 5 декември 1987 г.) — бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Вардар во Првата македонска фудбалска лига.

Технички карактерситики[уреди | уреди извор]

Хуан Фелипе е офанзивен играч од средниот ред или полушпиц, а исто така може да игра и како крило. Има солидна техника, добар дриблинг и моќен удар од далечина.

Кариера[уреди | уреди извор]

Хуан Фелипе играл за клубовите Санто Андре и Ред Бул Бразил пред да се пресели во Боливија во 2012 година за да игра за Ориенте Петролеро. Фелипе одиграл само девет натпревари во дресот на Ориенте Петролеро, постигнувајќи еден гол. После една сезона во Боливија тој потпишал за бразилскиот клуб Сао Карлос.

На 12 јули 2014 година, Хуан Фелипе потпишал двегодишен договор со бугарскиот клуб ЦСКА Софија.[1] Тој дебитирал во победата од 4-0 против Хасково на 10 август, со влегување во игра во второто полувреме од натпреварот. Својот прв гол за клубот, тој го постигнал во победата од 3-0 против Локомотив Пловдив. На 30 ноември, Фелипе промашил пенал за ЦСКА Софија на натпреварот против Марек Дупница на стадионот Бончук кој завршил со резултат 0-0.[2]

Во летото 2015 година, Фелипе потпишал за македонскиот клуб Вардар.[3] Првиот гол за Вардар, тој го постигнал на 16 август 2015 година, во гостинската победа од 3-1 над Шкендија.[4]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Клупски достигнувања[уреди | уреди извор]

Македонија Вардар

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Нови футболисти в ЦСКА“ (бугарски). cska.bg. 12 July 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-17. Посетено на 2017-11-29.
  2. „Мораес утешава Фелипе след пропуска на „Бончук" (бугарски). 7sport.net. 3 December 2014. Посетено на 18 July 2015.
  3. Бразилецот Хуан Фелипе нов фудбалер на ФК Вардар Архивирано на 12 мај 2018 г. Вечер; 20 јуни 2015
  4. Фелипе: Нишанев каде што сакав, многу ми е драго што погодив на така важен меч! Спортмедија; 18 август 2015

Надворешни врски[уреди | уреди извор]