Хронологија на серијалот Хари Потер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хронологијата на Хари Потер серијалот е временски период на измислените настани од Хари Потер романите напишани од Џ. К. Роулинг, заедно со додатните материјали постирани на нејзината веб-страна и издадени во безброј интервјуа. Времето покрива настани кои се однесуваат на или се случуваат во романите. Се појавува и во друга медија, како DVD копии од филмовите создадени од Warner Bros. Роулинг сега ја заврши седмата книга именувана Хари Потер и Реликвиите на смртта.

Фокусот на приказните е волшебната заедница која постои покрај земскиот свет на Нормалните. Овие паралелни заедници ја делат истата географија и хронологија,[1] но настаните на земскиот свет се само преставени толку што одстапуваат од вистинската светска историја.

Временскиот период содржи маани, за кои Роулинг одвреме-навреме признава, а понекогаш и ги противречува или не се согласува со вистинските календарски денови и датуми за настаните кои се опишани.[2][3] Сепак, временскиот период е станат општо прифатен за настаните во романите.[3]

Датумите овозможени во временскиот период се изведени од малкуте информации овозможени од Роулинг, или директно од нејзините книги, од нејзината веб-страна, порнајдени во издадени интервјуа, или од други издадени материјали. На пример семејното дрво на Блек, за првпат споменато во петтата книга од серијалот, Редот на фениксот беше проширено и донирано во аукција за добротворни цели.[4] Таа проширена верзија вклучува датуми на раѓање и датуми на умирање на некои клучни ликови.[3]

Warner Bros. е продуцентот на Хари Потер филмовите, и ги држи авторските права и заштитните знакови поврзани со Хари Потер медијата. DVD изданијата од филмовите Одајата на тајните, Затвореникот од Азкабан и Огнениот пехар, го содржат временскиот период на настаните, кои се случуваат во текот на филмовите и во нарацијата на романите. Warner Bros. првично го развиле временскиот период како дел од специјалните пакети за Хари Потер и Одајата на тајните (2002) DVD-то. Роулинг ги прегледала временските периоди и направила неколку промени пред да ги да бидат прогласени за „официјални“.[3]

Временскиот период следен во романите не е строго наметнат во филмовите. Во филмскиот серијал, Лондон и предградијата на Сари прикажуваат помодерно, опкружување како од 21 век. Ова е демонстрирано од вклучувањето на скорешни британски автомобили и одредени други предмети, како телевизор со рамен екран во куќата на Дарслиеви. Покрај тоа, употребата на Западноминистерската станица во петтиот филм е недоследна, бидејќи беше целосно променета за Џубли лајн екстензијата, која се отвори во 1998, три години по настанот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jeremy Gilbert (28 ноември, 2001), Harry Potter and the Third Way (PDF), OpenDemocracy  Check date values in: |date= (помош)
  2. Redhen on Chronology
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 The Years in Which the Stories Take Place at Harry Potter Lexicon
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име BFT-news.