Христо Цветков
| Христо Цветков | ||
| македонски револуционер | ||
| Роден | 1877
Кономлади, Отоманско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | септември 1934 (возр. 56–57) Ени Чифлик, Царство Бугарија | |
| Занимање | револуционер, војвода | |
Христо Цветков Поповски (Кономлади, 1877 – Ени Чифлик, 1934 ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на ВМРО (обединета) и Македонската федеративна организација, член и војвода на Македонската револуционерна организација и офицер во Првата светска војна.
Животопис
[уреди | уреди извор]

Цветков е роден во 1877 г. во селото Кономлади, Костурско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Стапил во ВМОРО и во 1900 г. станал четник на Коте Христов.
Учествувал во Илинденското востание во летото 1903 г. По востанието останал во Македонија и заедно со Митре Влаот се бореле и на новиот фронт против андартите на грчката пропаганда.[1] По смртта на Митре Влаот, Цветков е назначен за реонски војвода на Костурскиот револуционерен реон, а за негови помошници Кузо Поп Динов, Трајко Желевски и Пандо Чулков, а Тодор Дочев и Трпо Георгиев дејствувале одделно.[2]
Во 1907 г. Цветков бил на чело на костурска чета од 30 четници на пат од Бугарија за Костурско, која учествувала во епската Битка на Ножот и речиси целата чета била уништена.
| Чета на Христо Цветков, јуни 1907 г. | ||||
|---|---|---|---|---|
| Број | Име | Село | Околија | Забелешка |
| 1. | Христо Цветков | Кономлади | Костурска | |
| 2. | Стојан Чакаларов | Смрдеш | Костурска | |
| 3. | Кузма Бакрачев | Вишени | Костурска | |
| 4. | Атанас Петров | Буф | Леринска | |
| 5. | Христо Попов | Шестево | Костурска | |
| 6. | Георги П. Ангелов | Силистренска | ||
| 7. | Иван Петков | Варна | ||
| 8. | Георги Јанакиев | Кономлади | Костурска | |
| 9. | Атанас Штерјов | Оловраде | Костурска | |
| 10. | Атанас Трпенов | Д’мбени | Костурска | |
| 11. | Атанас Трајков | Поздивишта | Костурска | |
| 12. | Анастас Иванов | Кономлади | Костурска | |
| 13. | Атанас Сотиров | Колибите | Лозенградска | |
| 14. | Кузма Николов | Нестрам | Костурска | |
| 15. | Миле Петков | Чеглаик | Лозенградска | |
| 16. | Стамо Недев | Мало Трново | Одринска | |
| 17. | Стојан Тодоров | Сатќој | Лулебургаска | |
| 18. | Неделчо Монев | Свобода | Чирпанска | |
| 19. | Пешко Д. Бојчев | Свобода | Чирпанска | |
| 20. | Тошо Желев | Свобода | Чирпанска | |
| 21. | Димитар Начев | Крџалево | Борисовградска | |
| 22. | Иван Петков | Трново | Узунќопрулска | |
| 23. | Алекси Диков | Граматиково | Малотрновска | |
| 24. | Григор Симеонов | Прострање | Битолска | |
| 25. | Петар Христов | Карнобат | ||
| 26. | Ламбри Иванов | Косинец | Костурска | |
| 27. | Георги Василев | Видело | Костурска | |
| 28. | Атанас Јанев | Трсје | Леринска | |
| 29. | Анастас Х. Симиџиев | Бапчор | Костурска | |
| 30. | Петар Ефтимов | Ќустендил | ||
| 31. | Тењо Делчев | Хасково | ||
| 32. | Христо Ижопов ? | Жупаништа | Костурска | |
| 33. | Димитър Мурджев | Тиолишта | Костурска | |
| 34. | Иван Валев | Ичера | Котленска | |
| 35. | Анастас Ангелов | Кономлади | Костурска | |
| 36. | Трендафил Думбалаков | Сухо | Солунска | |
| 37. | Наум Илиев | Битола | ||
| 38. | Драго Бојаджиев | Софија | ||
| 39. | Иван Николаев | Пловдив | ||
| 40. | Димитар П. Андонов | Таваличево | Ќустендилска | [3] |
Учествувал во Битката кај Дреновени на 31 јули 1907 година, во која бил убиен Пандо Кљашев.
По избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година, тој станал доброволец во Македонско-одринските доброволни чети и бил војвода на четата бр. 25 од 14 лица,[4] која дејствувала во Валовишко.[5] Подоцна бил во Костурската чета и служел во Нестроевата чета на XIII кукушка дружина, а во Втората балканска војна бил префрлен во Зброната партизанска чета на МОО. Христо бил фатен и заробен од Грците, но подоцна е ослободен на 4 март 1914 г.[6]
За време на Првата светска војна, Цветков се борел против српските чети во Македонија.
Георги Константинов Бистрицки напишал за него:
| „ | Христо Цветков од с. Кономлади, соучесник во елиминацијата на главните зулумџии во Костурско, се истакнал во многу битки пред и по востанието со турски аскер и грчки банди, останал со робот до крајот, како Митре Влаот – да го поткрепи неговиот дух во најкритичните времиња, чудесно спасен многу пати – особено во уништувањето на Кљашевата чета кај с. Дреновени, е жив, но прогонет и бедник, со најтажни спомени за татковината.[1] | “ |
Во 1921 г. се приклучил во дејноста на МФО. Заедно со Филип Атанасов, Павел Христов, Ангел Поп Василев и Крум Зографов се сретнал во Тирана со членот на ЦК на ВМРО, Александар Протогеров, каде договориле општи дејствија. На 15 март 1923 г. четите на Ив. Филев и Христо Цветков водат битка со грчка војска во Корештата, по што избегале во Албанија.[7]
Живеел во Виена, каде контактирал со Георги Занков, Филип Атанасов и Славе Иванов.[8] Станал член на ВМРО (обединета) и, заедно со Лазар Поповски, го привлекол Крсто Љондев во организацијата. Во почетокот на 1926 г. ЦК на ВМРО дала средства на Поповски и Цветков за да организираат база во Албанија.[9] Христо заминува за Албанија заедно со Георги Занков во есента 1926 г.[10] Неуспешно се обидел да регрутира за ВМРО и автономистички четници затворени во Тирана.[11]
Починал во селото Ени Чифлик (Ново Кономлади), Петричко во септември 1934 г.[12][13] Денес, во сретселото има споменик на војводата.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Христо Цветков и Пандо Сидов
- Христо Цветков како војвода
- Четата на Григор Џинџифилов со четите на Георги Мончев, Гоце Междуречки, Ѓакон Евстатиј, Стамен Темелков и Христо Цветков
- Лазар Поповски и Христо Цветков (исправени)
- Христо Цветков (лево) и Пандо Чулков во МОО
- Споменикот на Христо Цветков и костурските револуционери во Ени Чифлик
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 52.
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов (съставители) (1996). История на българите в документи 1878 – 1944. I. 1878 – 1912. Част II: Българите в Македония, Тракия и Добруджа. София: Издателство „Просвета“. стр. 475–481. ISBN 954-01-0558-7.
- ↑ „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.52
- ↑ Генов, Георги (2007). Беломорска Македония : 1908 - 1916 (PDF). Toronto, New York: Благотворително издание на бежанците от Вардарска и Егейска Македония, емигранти в САЩ и Канада, Veritas et Pneuma Publishers Ltd., Multi-lingual Publishing House. стр. 108. ISBN 978-954-679-146-4 Проверете ја вредноста
|isbn=: checksum (help). - ↑ Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 – 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 21.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 789–790, 893–894. ISBN 954-9800-52-0. no-break space character во
|pages=во положба 4 (help) - ↑ Колектив. Македония история и политическа съдба, Том II, ИК „Знание“, София, 1998, стр.59, 107, 115.
- ↑ Карчев, Петър (2004). През прозореца на едно полустолетие (1900-1950). София: Изток-Запад. стр. 727. ISBN 954321056X.
- ↑ Добринов, Дечо (1993). ВМРО (обединена). София: Университетско издателство „Св. Климент Охридски“. стр. 56. ISBN 954-07-0229-1.
- ↑ Поповски, Владо, Ленина Жила (2008). Македонский вопрос в советской внешней политике: документы. Скопье: Јустинијан први. стр. 934, 935.
- ↑ Добринов, Дечо (1993). ВМРО (обединена). София: Университетско издателство „Св. Климент Охридски“. стр. 62. ISBN 954-07-0229-1.
- ↑ Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 182. ISBN 954-9514-28-5.
- ↑ Пелтеков, Александър Г (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (Второ допълнено издание. изд.). София: Орбел. стр. 507–508. ISBN 9789544961022.
- Родени во 1877 година
- Луѓе од Кономлади
- Починати во 1934 година
- Дејци на ВМОРО
- Дејци на МОО
- Дејци на ВМРО (Обединета)
- Дејци на Македонската федеративна организација
- Дејци на Илинденската организација
- Македонски револуционери
- Македонски војводи
- Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија
- Борци против српската вооружена пропаганда во Македонија