Христо Стојменов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Христо Стојменов Железнички ( — 20 март 1923) — македонски револуционер на ВМОРО.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

На 20 март 1923 година, луѓе на царските автономисти Тодор Александров и Александар Протогеров, на враќање од Софија ги пресретнале на патот Петар Чочков (брат на војводата Стојан Чочков), Христо Стојменов Железнички и Давитко Вангелов. Тие не биле вооружени и биле изгладнети. Тројцата биле убиени, а по нивната смрт обвинети дека биле предавници на македонската борба.[1]

Тодор Александров имал обичај, после секое убиство на таа личност да и припишува измислени дела. Нивни текстови се појавувале низ весниците и во форма на брошури, во кои биле пишувани измислени обвиненија за кражби и предавства на татковината.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 331. ISBN 323.285.497.3 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).