Христо Дума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Христо Дума
Христо Дума.jpg
Роден 28 ноември 1919
Битола, Македонија Македонија
Починал 9 јануари 2009
Битола, Македонија
Занимање универзитетски професор, педијатар

Христо Дума (28 ноември 1919, Битола - 9 јануари 2009, Битола) — педијатар, редовен професор, директор на Клиниката за детски болести и шеф на Катедрата за педијатрија во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно училиште и гимназија завршил во Битола, и во 1937 година започнал медицински студии во Белград. Во 1941 година, ги прекинал студиите поради учество во НОБ.[1] Дипломирал во 1948 година, а специјализирал во 1953 година, кога престојувал и во Париз на девет месеци.

Кариера[уреди | уреди извор]

Христо Дума бил управник на Општата болница во Битола и раководител на Детскиот оддел. Во 1956 година бил избран за редовен асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 1957 година станал управник на Клиниката за детски болести во Скопје. Во периодот од 1969 до 1971 година бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје. За редовен професор бил избран во 1971 година. На клиниката со која раководел основал Цитогенетска и Хемоглобинолошка лабораторија, како и Хематолошка цитолошка и генетска лабораторија.[1] Бил член на редакцискиот одбор на списанието „Југословенска педијатрија“ од Загреб, и член на Југословенската комисија за раст и развој. Автор е на над 130 научни трудови.

Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои во 1986 година му била доделена Повелбата „Д-р Трифун Пановски“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​53-56