Христо Бучков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Бучков
Роден 1857
Кукуш, денес Грција
Починал 1913
Софија, Бугарија

Христо Бучков бил учител и еден од првите организатори на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и бугарски дипломат.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бучков е роден во 1857 година во градот Кукуш, тогаш во Османлиското Царство, денес Киклис, Грција. Син е на Хаџи Георги Бучков, делегат од Поленинската епархија на Првиот црковно-народен собор во Цариград во 1871 година. Учи во родниот град и во Цариград. Станува егзархиски учител и предава 12 години во различни населени места во Македонија - во Кукуш, Солун, Струмица, Скопје и Воден. Во Кукуш негов ученик е Гоце Делчев. Протеран е во Мала Азија, но подоцна е помилуван со помош на драгоманот на рускиот конзулат во Солун, Наум Спространов.

Од 1879 е учител во рамките на Солунското трикласно училиште и учествува во формирањето на егзархиската машка гимназија, во која предава до 1883 година географија, француски јазик и краснопис. Во 1889 - 1895 година е првиот драгоманин на Бугарското дипломатско агенцијата во Цариград. Во 1895 година се населил во Софија. Автор е на необјавени турско-бугарски и бугарско-турски речник [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Куманов, Милен. „ Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 36.