Христофор Бургар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Христофор Бургар — кратковремен наследник на познатиот Василиј Војоан како катепан на Италија. Хроничарот Луп Протоспартиј во своите записи за Војоан забележува дека тој заминува од функцијата во 1029 година, но современиот историчар Фердинанд Халандон го исправил ова на 1027 година. Ова се поклопува со смртта на Гвемар III Салернски, иако други настани поврзани со него ссе случиле во 1028 година. Луп, сепак, погрешно го датира изборот на Византиј како архиепископ Барски, кој се случил пред 1025 година, од овој момент па натаму по се изглеа дека неговата хронологија има грешка. Христофор бил сведок на возобновените напади на Сарацените. Во 1027 година, Обиано капитулирал, додека пак Бари одбил еден напад. Христофор бил сменет во 1029 година. Бил заменет од Пот Аргир, во чиј период на управување продолжиле нападите на Сарацените.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Ferdinand Chalandon Histoire de la domination normande en Italie et en Sicile. Paris, 1907.
Претходник
Василиј Војоан
Катепан на Италија
1027–1029
Наследник
Пот Аргир