Христос во куќата на Марта и Марија (Вермер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Христос во куќата на Марта и Марија
Christus bei Maria und Martha
Творец Јоханес Вермер
Година 1655
Димензии 160 см × 142 см
Место Национална галерија на Шкотска, Единбург

Христос во куќата на Марта и Марија (холандски: Christus bei Maria und Martha ) е слика масло на платно од холандскиот сликар Јоханес Вермер создадена во 1668 година[1].

Ова дело е едно од ретките слики на Вермер со религиозна тематика. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, ова дело отстапува од неговите карактеристични ликовни постулати[2].

Опис[уреди | уреди извор]

Тоа е најголемата слика на Вермер и една од ретките со религиозен мотив. Претставен е Христос во посета на домот на двете сестрите Марија и Марта, сцена од Новиот завет. Делото е исто така наречено Христос во домот на Марија и Марта. Во ова дело, Вермер повеќе, сценски се задржува на трите фигури, занемарувајќи ги деталите и севкупната атмосфера на просторот[3].

Стил[уреди | уреди извор]

Сликата е повеќе под влијание на холандскиот барок со елементи на сценско, скоро театрално претставување и илустрација без неговата карактеристична интимна претстава на сопствената поетика.[4].

Техника на сликање[уреди | уреди извор]

Пигментната анализа на оваа слика открила употреба на пигменти од барокниот период како што биле: жолт окер и оловно бело. Вермер не ја насликал наметката Христова со неговиот вообичаен син пигмент на ултрамарин туку со мешавина од индиго и оловно бело. [5].

Библиографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]