Христијанството во Нигер е малцинска религија во државата. Христијанството било донесено во земјата за време на колонијалниот период. Христијанската маса вклучува европски доселеници, локални поелитни маси, како и христијански имигранти од соседните крајбрежни земји, особено Бенин, Того и Гана.[1] Христијаните се малубројни во земјата, и според една проценка има 0.5%.[2] Христијаните живеат воглавно во регионите Маради и Догондучи и Нијамеј.[1] Според последните проценки во државата има околу 56.000 Христијани и се проценува дека до 2025 во државата ќе има 84.500 Христијани.[3]
Во Нигер има активни христијански мисии.[1] Првата католичка мисија била во 1931, а протестантските биле во 1924. Во 1970-те имало околу 12.000 Католици и 3.000 Протестанти во земјата.[4]