Христијанството во Египет е малцинска религија во државата. Египетските Христијаните се воглавно Копти и се од 5% до 20% од вкупното население на државата.[1][2][3][4][5][6][7][8][9][10][11][12] Иако самата држава има мал процент Христијани во однос на Муслиманите, во поглед на апсолутниот број на Христијани Египет е дом на најголемата христијанска заедница во Блискиот Исток и Северна Африка. Христијанството во Египет датира уште од раните почетоци на Римското Царство и Александрија е еден од раните центри на христијанството. Сепак, Христијаните се соочуваат со жестоко прогонство во државата, особено по 2012 година, каде се палеле цркви и се тероризирал народот од страна на исламските милитанти.
Над 95% од Египетските Христијани се Копти и се членови на Коптската Православна Црква во Александрија.[8][9][13] Коптската црква е најголемо христијанско тело во Блискиот Исток[14] и има од 4 до 8 милиони следбеници во Египет, а во странство дополнителни 3 до 4 милиони. Сепак, тешко е да се каже колкав е бројот на Христијаните бидејќи немало пописи. Општо прифатена бројка е 10% во државата, но бројот е поголем. Според една статија на Коптската црква, од 11 до 13 милиони се Христијани во Египет.
Египетските Христијани веруваат дека Александриската патријаршија била основана од Св. Марко во околу 33 година. Но сепак малку се знае за раното Христијанство во Египет. Историчарот Хелмут Келстер тврдел дека Христијаните во Египет биле под влијание на гностицизмот сè до обидите на Димитар Александриски за усогласување на христијанството
До 300 година веќе било јасно дека Александрија е еден од главните христијански центри.
↑[1]. The Washington Post. "Estimates of the size of Egypt's Christian population vary from the low government figures of 6 to 7 million to the 12 million reported by some Christian leaders. The actual numbers May be in the 9 to 9.5 million range, out of an Egyptian population of more than 60 million." Retrieved 10-10-2008