Христијанско богословие
Христијанско богословие — систем на различни богословски дисциплини во рамките на христијанството, при што секоја од нив обработува одредена страна на вероучението и култот.[1]
Традиционално, во христијанството под богословие се подразбира систематска анализа на природата, намерите и дејствувањето на Бога, како обид да се говори за Боженственото битие.
Извори и методологија
[уреди | уреди извор]Во православието, главен извор на богословието е Светото писмо и Светото предание, при што Светото писмо (Библијата) се смета за најважен облик (дел) од Светото предание.[2]
Во католицизмот, Светото писмо и Светото предание се два различни начина на пренос на Божјото слово, при што Светото писмо не се вбројува како дел од Светото предание. И православните и католиците го сметаат искуството на причестување со Христос во Светиот Дух — учеството во животот на Црквата — за најважен начин на пренесување на Светото предание, вклучувајќи ги и неговите недокументирани и нематеријални гледишта, при што верата се става над разумот.
Главниот и фундаментален извор на официјалното протестантско богословие е Светото писмо — Библијата. Како дополнителни извори се сметаат Светото предание, разумот и искуството.
Оние што сакаат подлабоко да се занимаваат со богословие се запишуваат во специјализирани образовни установи — семинари и духовни академии, каде што добиваат темелно богословско образование, ја изучуваат историјата на развојот на богословската мисла, или на богословски факултети при универзитети.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ентвисл, Дејвид Н. (2015-06-30). Integrative Approaches to Psychology and Christianity. Cascade Books. стр. 148. ISBN 9781498223485.
- ↑ Давыденков О. В.Катехизис. Часть первая. Понятие о Божественном Откровении. Священное Писание — наиважнейшая из форм Священного Предания. (руски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Christian Classics Ethereal Library
- Christian Theology Reading Room
- Jonathan Hayward, contemporary Orthodox theologian
- Orthodox Church Fathers: Christian Theology Classics Search Engine
- Table of Christian theological terms
|