Христијанска црква „Слово на надеж“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христијанска црква „Слово на надеж“
Основана1999
ВидЦрква
РегионМакедонија Македонија
ПрипадностЕвангелско-протестантска иницијатива

Христијанска црква „Слово на надеж“евангелско-протестантска црква која е дел од Евангелско-протестантската иницијатива.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата „Слово на Надеж“ (СНН), своето потекло го има во 1995 година, во домашните собирања кај мисионерите од Евангелско-конгрешанската црква, Мајк Јуркович и Енди Спредли. Големо влијание за духовниот растеж на црквата имале Филип Џексон и Мајк Јуркович.

Првата богослужба во Ново Лисиче била одржана на 7 ноември 1999 година. Во периодот од 1999 до 2006 година, биле организирани семинари, кампови, менторства со цел црквата да расте и да се препознае некој македонски водач или пастор на црквата. Во 2006 година, Перо Тодороски бил ракоположен за пастор, а имало и духовен одбор, што ја водел црк­вата и ги планирал сите идни настани што ги организирала самата црква.

Активности[уреди | уреди извор]

Црквата досега има организирано разни кампови низ Македонија, кои се состоеле од евангелизаторски кампови и кампови за зближување и запознавање на самите браќа и сестри меѓу црквите, бидејќи СНН има месна заедница во Маџари, како и домашни групи во Тафталиџе и Тетово.

СНН е позната и по спортскиот настан што се организира секоја година во април и е познат како „Трчаме кон целта“. СНН исто така зема учество на сите поголеми настани што се организирани од другите евангелски-протестантски цркви како: Визијафест, Конференција Ана, Ник Вуичиќ и други.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јован Јоновски, Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, Изгрев, Скопје, 2017.