Хриси (Лемнос)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хриси (грчки: Χρύση; во превод Златен), исто така наречен и Лемношки Хриси, ― поранешен мал остров во Егејското Море во близина на Лемнос, спомнат од Хомер и Софокле. До вториот век, Павсанија[1] и Апијан[2] велат дека островот потонал под морето. Нгговата местоположба е непозната.

Се вели дека главната особеност на островот е храмот на Аполон, а божеството заштитник му била божицата Хриси. Грчкиот стрелец Филоктет застанал таму на пат кон Троја и бил каснат од отровница. Лукул таму заробил тројца мажи во заседа за време на Третата митридатска војна.[3] Се чини дека островот исчезнал во вториот век од новата ера. Еден антички пророк (напишан од Ономакрит) можеби го предвидел овој крај.[4]

Делото „Опис на Грција“ вели:

Следнава случка докажува дека моќта на Среќата е поголема и попрекрасна отколку што е прикажана со катастрофите и цутот на градовите. Со недалечно пловење од Лемнос некогаш бил островот Хриси, каде што, се вели, Филоктет се сретнал со несреќата од водната змија. Но, брановите целосно го совладале, а Хриси потонал и исчезнал во длабочините ... Толку привремени и крајно слаби се среќите на луѓето.

—Павсанија, Опис на Грција[1]

Предложени местоположби[уреди | уреди извор]

Аматерски подводен археолог тврдел дека повторно го открил островот во 1960 година, идентификувајќи го со „потоната копнена маса позната како Харошки Брег, област од 16 квадратни км во близина на островот Лемнос“ (39°55′00″ N; 25°33′00″ E / 39.91667° СГШ; 25.5500° ИГД / 39.91667; 25.5500), наведена на британските поморски карти и се наоѓа на околу 12 м под површината. Бели градежни блокови (најверојатно од храмот на Аполон) се вели дека биле видливи на морското дно. Харошкиот Брег се споменува од други како можна местоположба но се чини дека нема понатамошна работа на неа.[5]

Друга теорија предлага дека остатоците од Хриси се на мало островче на само 70–80 м од северниот брег на Лемнос, мештански познато како Варвара (39°59′54″ N; 25°09′13″ E / 39.9984° СГШ; 25.1537° ИГД / 39.9984; 25.1537). Иако островчето има „голема концентрација на антички темели и фрагменти од керамика“, и голема тумба на врвот опкружена со ѕидови (најверојатно олтар), тој не е ископан. Очигледно бил поголем во антиката, а големи делови потонале поради тектонската активност.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Павсанија, Опис на Грција 8.33.4
  2. Mithridat. c. 72 et seq.
  3. Gillies, John (1820). „XXVII: From Alexander to Augustus“. The history of ancient Greece: its colonies and conquests; from the earliest accounts till the division of the Macedonian empire in the East. Including the history of literature, philosophy, and the fine arts, Volume 4, Part 2. 4. T. Cadell and W. Davies. стр. 249.
  4. . Madrid. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  5. Harrison, S. J. (1 January 1989). „Sophocles and the Cult of Philoctetes“. The Journal of Hellenic Studies. 109: 173–175. doi:10.2307/632045. JSTOR 632045.
  6. Constantine Lagos, "Lemnian Chryse in Myth and Reality", E. Close, G. Couvalis, G. Frazis, M. Palaktsoglou, M. Tsianikas, eds., Greek Research in Australia: Proceedings of the Biennial International Conference of Greek Studies, Flinders University, June 2007, p. 11–20

Дополнителна книжевност[уреди | уреди извор]

  • Една М. Хукер, „The Sanctuary and Altar of Chryse in Attic Red-Figure Vase-Paintings of the Late Fifth and Early Fourth Centuries B.C.“, The Journal of Hellenic Studies. 70 : 35–41 (1950) JSTOR 629290

Надворешни врски[уреди | уреди извор]