Хрисеида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одисеј ја враќа Хрисеида
Клод Лоран, 1644

Хрисеида (грчки: Χρύσηίς, латински: Chryseis) е ќерка на Аполоновиот свештеник Хрис од градот Хриса во Мизија.[1]

Во Грчката митологија постоеле уште две Хрисеиди:

Митологија[уреди | уреди извор]

Ахилеј ја заробил Хрисеида, кога го освоил мизискиот град Теба, во поход на Троја, а таа, при поделбата на заробените жени припаднала на заповедникот на ахејската војска [[Агамемнон]. После некое време во таборот на ахејската војска се појавил таткото на Хрисеида Хрис и многу пријателски расположен понудил голем откуп за својата ќерка. Агамемнон го одбил откупот и го протерал Хрис со навредливи зборови. Кога се вратил во градот, навредениот Хрис се обратил на богот Аполон со молба да му помогне, а бидејќи Хрис бил свештеник на богот Аполон, тој лут бидејќи му го навредиле свештеникот, испратил чума на ахејската војска.

Кога Агамемнон ништо не презел за да го омилостиви Аполон, Ахилеј ја повикал војската на која гледачот Калхант ѝ соопштил дека Аполон ќе биде омилостен само ако Агамемнон ја врати Хрисеида на татко ѝ Хрис. Агамемнон се разлутил, и се нафрлил на Калхант, но Ахил го спасил. Агамемнон го навредил Ахил кој го бранел Калхант. Агамемнон сепак за да ја спаси својата војска од чума ја вратил Хрисеида дома, но како надомест за изгубената жена од Ахил ја зел неговата миленичка Брисеида.

Овој судир меѓу Ахил и Агамемнон е и во основата на ХомероватаИлијада“.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]