Хрисант Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хрисант I Цариградски)
Хрисант Цариградски
Вселенски патријарх
Хрисант Цариградски
ЦркваЦариградска патријаршија
ПретходникАнтим III
НаследникАгатангел
Редови
Чинпатријарх
Лични податоци
Роден25 февруари 1768
Долно Граматиково, Воденско
Починал10 септември 1834
Принцов Остров, Цариград
НационалностМакедонец

Хрисант (25 февруари 1768 - 10 септември 1834) — македонски свештеник на Цариградската патријаршија и вселенски патријарх од 1824 до 1826 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден во февруари 1768 г. во Долно Граматиково, Воденско. Посетувал грчко училиште во Воден, па заминал за Кожани, каде учел кај Амфилохјиас Параскевас. Подоцна прешол во Негуш и изучувал филозофија и математика кај познатиот учител Анастасиос Камбитис, а на крајм кај солунскиот учен Јонас Спармиотис.

По образованието, станал кесариски митрополит. На 5 февруари 1799 г. е избран за берски митрополит уи останал на катедрата сè до 1811 г. Владикувајќи во Бер, направил заложби за развојот на просветната дејност во епархијата. Членувал и во Светиот синод во Цариград. Во 1806 г. го уредил и објавил второто издание на житието на Свети Антониј Нови Берски.

Житието на Свети Антониј Нови Берски, 1806.

На 13 јули 1811 г. станал серски митрополит и членувал во друштвото „Филики етерија“. На 9 септември 1824 г. е избран за цариградски патријарх по симнувањето на неговиот претходник Антим III. На престолот останува две години, и потоа е симнат од османлиската власт.

Починал во 1834 г. в манастирот „Христос Спасителот“ на Принцовиот Остров (Бујукада) кај Цариград.

Чествување[уреди | уреди извор]

Во 1997 г. в Долно Граматиково е подигната статуа на Хрисант, а почнувајќи од 2000 г. во негова чест во селото се приредува годишен фестивал „Хрисантија“.[1][2][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Επισκοπική προσωπογραφία της μητροπόλεως Βέροιας και Ναούσης κατά την περίοδο της οθωμανοκρατίας (1430-1912)
  2. „Οικουμενικό Πατριαρχείο“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-01-08.
  3. „Ιερά Μητρόπολις Σερρών και Νιγρίτης“. Архивирано од изворникот на 2007-10-28. Посетено на 2016-01-08.
Претходник
Антим III
Цариградски патријарх
1824-1826
Наследник
Агатангел