Хрипсиме Симоњан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрипсиме Симоњан
Роден(а)Хрипсиме Симоњан
2 јануари 1916(1916-01-02)
Крас
Починал(а)28 септември 1998(1998-09-28) (возр. 82)
Ереван
НационалностЕрменка
Познат(а) поскулптури

Хрипсиме Симоњан (ерменски: Հռիփսիմե Սիմոնյան, 2 јануари 1916, Карс - 28 септември 1998, Ереван) — ерменска уметница и вајарка, кој дала непроценлив придонес во развојот на декоративната уметност и керамика. Нејзе ѝ била доделена наградата народен уметник на Ерменија во 1974.

Кариера[уреди | уреди извор]

Хрипсиме Симоњан е родена во 1916 година во Карс. Во 1945 година, таа дипломира на Академијата за уметност во Тбилиси, насока скулптура, минорна керамика. Од 1956 година ја преземала функцијата шеф на одделот за керамика на Државниот институт за уметност и театар во Ереван, а во 1977 година унапредена во професор. Во 1945 година, таа го започнала одделот за применета уметност во рамките на Здружението на ерменски сликари (уметник), што го водел до 1975 година. Кога фабриката во Ереван Кристал започнала масовно производство на кристали, Хрипсиме дизајнирала серија минијатури и садови. Нејзиниот творечки развој се одвивал од порцелански и глинени минијатури, до грнчарски садови со архитектонски форми, како и големи скулптури од глина, кои во моментов украсуваат јавни и општински згради, улици и паркови во Ереван и Москва.[1][2]

Хрипсиме Симоњан е основач на ерменската применета уметност. Ерменија се изразува преку уметноста на Хрипсиме преку обликот и боењето на нејзината керамика, во одликите на украсите и во сликите што ја формираат основата на нејзините дела. Во својата уметност Хрипсиме Симоњан се осврнува и на литературата во Ерменија: националните митови и легенди, поезијата на Сајат-Нова и на Хованс Туманјан, нежните и богати стихови на Аветик Исахакијан, страствениот свет на сликите на Егише Чарентс.

Симоњан ја поврзувасвојата уметност со познати уметнички фигури и создаде цела галерија со портретни статуи на Арам Хачатуријан, Константин Сараџев, Аветик Исахакијан, Степан Зорјан, Зенаида Пали, Рубен Пароњан и други од 1950 до 1958 година.

Награди[уреди | уреди извор]

Учествајќи на бројни републички, федерални и меѓународни изложби таа освоила многу дипломи (Женава 1965, Фаенца (Италија) 1969, 1971, 1972, Вилнус 1971, Валарис 1970, 1972, 1978, 1980). Во Прага во 1962 освоила сребрен медал.

Изложби[уреди | уреди извор]

Одржала број лични изложби во Ереван (1943, 1947, 1966 и 1996), во Москва (1967), во Киев (1976) и во Тбилиси (1982).

Семејство[уреди | уреди извор]

  • Сопруг - Рубен Пароњан, хирург
  • Син - Арцвин Григоријан, архитект[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Who is who. Armenians. Biographical encyclopedia, volume 2, Yerevan, 2007.
  2. Степанян, Нонна (2007). Искусство Армении: черты историко-художественного развития (руски). Изд-во "Галларт. ISBN 978-5-269-01059-5.
  3. Ион Деген. Панегирик Александру Малинскому
  4. The first statue in Lovers park