Хрватски стрип

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хрватски стрип како уметност почнал да се развива пред Втората светска војна.

Хрватскиот стрип, благодарение на повеќе уметници, и ден денес има светско реноме, тука пред се е Андреа Мауровиќ.

Покрај неговиот огромен и исклучително уметнички издражан стрип цртеж, поистакнати претставници се и: Валтер Неугебауер, Дубровко Матковиќ , Винко Бариќ, Никола Листеш, , Борис Талијанчиќ, Штеф Бартолиќ, Ивица Беднјанец, Жарко Бекер, Фердо Бис, Едвин Биуковиќ, Владимир Делач, Радован Девлиќ, Недељко Драгиќ, Душко Гачиќ, Сергеј Нироновиќ Головченко, Франо Готовац, Златко Гргиќ, Игор Кордеј, Никола Костелац, Жељко Лорданиќ, Дарко Мацан, Јулио Радиловиќ, Ото Реисингер, Есад Рибиќ, Милан Тренц, Крешимир Зимониќ, Алем Ќурин, Јулије Јеласка и други[1].

Татко на хрватскиот стрип е Андрија Мауровиќ. На 12 март 1935 година, загрепскиот весник „Новости“ го објавил првото продолжение на она што тие им го претставиле на своите читатели како „роман во слики“ - првиот хрватски стрип Вереница на мечот[2].

Во 1950 година, група автори се појавиле околу загрепскиот хумористичен весник „Керемпух“. Понатаму во континуитет, различни автори и од различни генерации се поврзувале со одредени списанија кои постојано биле отворени за соработка со стрип авторите а и како издавачи кои го афирмирале стрипот воопшто[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]