Хрватски овчар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хрватски овчар
Hrvatski ovčar
GeraHojda09112055ZG.jpeg
Хрватски овчар на дресура
Потекло Хрватска
Особености
Тежина Мажјак 13-20 кг
Женка 13-20 кг
Висина Мажјак 40-53 см
Женка 40-53 см
Крзно кадраво
Боја црна
Белешки UKC нема свој стандард, моментално го користи стандардот на FCI
куче (Canis lupus familiaris)

Хрватски овчар – вид куче со потекло од Хрватска. Тоа е хрватска автохтона пасмина и потекнува од кучињата кои Хрватите ги довеле со себе при миграцијата во сегашните краишта. Денес најмногу се одгледуваат во Славонија. Хрватскиот овчар е многу интелигентно животно со силна потреба за човечко друштво. Поседува добро развиен овчарски нагон и е извонреден пес чувар. Во FCI е признат под редниот број 277.

Стандарди[уреди | уреди извор]

Хрватскиот овчар е на границата на средна висина (40 до 53 cm за двата пола), бојата му е црна, со кратки влакна на главата и нозете, на остатокот од телото е подолга, густа, брановита до кадрава. Кучето е со издолжен формат (10% е подолг од висината). Главата му е релативно лесна со вкупна должина од 20 cm. Долг е, средно снажен, длабок, добро заоблен и мускулест, а опашката му е завртена кон грбот.

Историја на пасмината[уреди | уреди извор]

Според пишаните документи, изгледот на ова куче битно не се променил од XIV век до денес. Веројатно затоа што поседува одличен наследен инстинкт за работа со овци и говеда, селекцијата на сметка на употребливоста (работните способности) спонтано се спроведувала што дополнително резултирало со неговиот поскладен изглед. Најстариот запис за хрватскиот овчар – „Canis pastoralis croaticus" е од 1374 година – и него го пронашол во архивите на ѓаковската бискупија таткото на пасмината – ветеринарот проф. д-р Стјепан Ромиќ. Во тој документ ѓаковскиот бискуп Петар наведува дека песот е висок околу 3 педи (45 cm), дека има средно долги кадрави влакна со црна боја, дека главата му е обрасната со кратки влакна, дека е со полуначулени или начулени уши, и дека е добар за чување стада на сите домашни животни. Исто така наведува дека Хрватите го донеле со себе во VII век при селидбата во Хрватска од првобитната татковина. Со систематско одгледување, веќе споменатиот проф. Ромиќ почнал во 1935 година со пците од ѓаковичкото подрачје. После 34 години работа, пасмината најпосле е признаена од FCI во 1969 година.

Галерија[уреди | уреди извор]