Хрватска култура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хрватската култура се заснова на долга, бурна и разнолика историја од која зачувани многу споменици, уметнички и научни дела. Хрватска има седум споменици во списокот на Светското наследство на УНЕСКО и осум национални паркови. Краватата, популарен елемент на облеката, потекнува од Хрватска. Хрватска на светот му дала многу великани: книжевници, музичари,,, и. Како најважни може да се споменат тројцата добитници на Нобеловата награда: Иво Андриќ за книжевност, Владимир Прелог и Лавослав Ружичка за хемија.

Книжевност[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Хрватска книжевност.

Почетоците на хрватската писменост досегаат во среден вексредниот век. Хрватите пишувале на глаголица, босанчица и латиница. Симбол на почетокот на хрватската книжевност е Башќанската плоча. Летописот на попот Дукљанин е најстар хрватски летопис. Важен и Записот на попот Мартинц на глаголица. Во 14 век се развила лирската поезија, главно со верски карактер. Носители на книжевниот живо главно биле свештеници. Најстара божикна песна преведена од латински јазик. Еден од најстарите запис на латиница е побожната Шибенска молитва настаната околу 1347 година. Хрвоевиот мисал е најубавиот и најбогато илустрираниот ракопис на глаголица во хрватскиот среден век. Мисал по законот на римскиот двор печатен во 1483 година е првата хрватска инкунабула испечатена 28 години по Гутенберговата Библија и прв мисал во Европа кој не бил печатен со латинични букви.[1]

Хуманизмот бил најизразен во крајбрежните градови. Најважни хрватски хуманисти се Иван Чешмички, Јурај Шижгориќ, Антун Вранчиќ и Илија Цријевиќ. Богатството на хрватската ренесансна книжевност може да се согледа по бројноста и разноликоста на книжевните облици. Марко Марулиќ се нарекува татко на хрватската книжевност, а негови најважни дела се Јудита на хрватски и Давидијада на латински јазик. Петар Хекторовиќ го напишал патописот Рибарење и рибарско приговарање, а Петар Зораниќ првиот хрватски роман Планини. Најзначајни поети биле Шишко Менчетиќ, Џоре Држиќ, Мавро Ветрановиќ, Брне Карнарутиќ и Ханибал Луциќ. Најважниот ренесансен комедиограф бил Марин Држиќ, а најпознати комедии му се Дундо Марое, Новела од Станец и Скуп.

Во барокот условен од турските освојувања и расцепканоста на земјата делуваат четири регионални книжевни круга. Главен и најплодоносен е дубровничкиот. Најважен претставник е Иван Гундулиќ со делата Солзи на синот расипник, Дубравка и Осман. Други претставници се Иван Буниќ Вучиќ, Јуније Палмотиќ и Игњат Ѓурѓевиќ. Следи далматинскиот книжевен круг, па книжевноста на Банска Хрватска и Славонија. Никола Зрински, Фран Крсто Франкопан, Катарина Зринска, Јурај Хабделиќ и Антун Канижлиќ се најважните претставници. Во хрватската книжевност на 18 век преовладува барокот, просветителствоот и класицизмот, а се јавуваат и некои карактеристики на предромантизмот. Исклучително голем популарност постигнува Разговор угоден на народот словенски од Андрија Качиќ Миошиќ. Од тоа раздобје треба да се споменат Матија Петар Катанчиќ, Матија Антун Рељковиќ и Титуш Брезовачки.

Романтизмот се јавува за време на хрватската книжевна преродба кој траела од 1813 до 1860 година, а го карактеризирала национално будење. Људевит Гај станал предводник на преродбените настојувања, а останати претставници се Павао Штос, Станко Ваз, Димитрија Деметер, Иван Мажураниќ и Петар Прерадовиќ. Протореализмот се нарекува и Шеноино време по најважниот автор на тоа раздобје Аугуст Шеноа. Неговата појава го симболизира продорот на хрватската уметност на зборот во широките читателски маси. Хрватскиот реализам траел од 1881 до 1890, а најважни претставници се Еуген Кумичиќ, Анте Ковачиќ, Ксавер шандор Ѓалски, Јосип Козарац, Вјенцеслав Новак и Силвие Страхимир Карњчевиќ.

Хрватскиот модернизам траел од 1892 до 1916. Најзначајни книжевници од тоа раздобје се Антун Густав Матош, Иво Војновиќ, Динко Шимуновиќ, Фран Галовиќ, Драгутин Домјаниќ, Владимир Видриќ, Иван Козарац и Владимир Назор. Во 1900 година, во Загреб било основано Друштво на хрватските писателиДруштвото на хрватските писатели. Најважни претставници на хрватската книжевност во раздобјето 1914 до 1929 се Иво Андриќ и Антун Бранко Шимиќ. Најбитен писател на 20 век е Мирослав Крлежа. Претставници на новата генерација се Тин Ујевиќ, Добриша Цесариќ, Драгутин Тадијановиќ, Иван Горан Ковачиќ. Најважни претставници на втората модерна се писателите собрани околу магазинот „Круг“ како Слободан Новак, Јосип Пупачиќ, Влатко Павлетиќ и Владо Готовац, а им се придружиле Јуре Каштелан и Весна Парун. Во постмодерната делувале Иво Брешан, Иван Аралица и Павао Павличиќ. Во анкета од 2009 година меѓу граѓаните на Хрватска за најпознат хрватски поет бил прогласен Тин Ујевиќ, следат Добриша Цесариќ, Весна Парун, Драгутин Тадијановиќ и Антун Бранко Шимиќ.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Misal po zakonu rimskoga dvora, 1483., nsk.hr
  2. 'Po anketi najpoznatiji hrvatski pjesnik Tin Ujević', monitor.hr, 5. svibnja 2009., pristupljeno 13. siječnja 2018.