Прејди на содржината

Хрватска жолтика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрватска жолтика
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
Ред: Лутиковидни
Семејство: Жолтики
Род: Жолтика
Вид: Хрватска жолтика
Научен назив
Berberis aetnensis
C.Presl
Синоними[1]
  • Berberis vulgaris subsp. aetnensis (C.Presl) Rouy & Foucaud
  • Berberis vulgaris var. aetnensis (C. Presl) Hook. f. & Thomson

Хрватска жолтика (науч. Berberis aetnensis или Berberis croatica) — ниско листопадно грмушесто растение од семејството Berberidaceae[2], која како вид била опишана во 1826 година.[3][1]

Потекнува од Јужна Италија (Кампанија, Базиликата, Калабрија, Сицилија, Сардинија), Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора. Како субалпско растение, во Македонија е познато само за варовнички карпи и камењари на планините Галичица и Јабланица, на височина од 1600 до 2000 метри. [4] Видот е именуван по планината Етна на Сицилија.[5]

Младите гранки на хрватската жолтика имаат црвеникави до светлокафеави со црвеникава нијанса, додека постарите имаат светлокафеави до сивокафеави. Листовите во снопчиња на кусите гранчиња се кожести, ланцетовидни а на врвот заострени, по работ напилени со запци кои завршуваат со долг шиловиден трн [(0,8)1,2 – 1,4(2) мм], со силно испакната мрежеста нерватура на долната страна, а јасно видлива и на горната страна на ламината

Стоми има на двете страни, трновите на плодните гранки се жолтеникаво светлокафеави и не многу долги. Цветовите се собрани во куси гроздести соцветија од 5–12 цвета, обично вертикални, а поретко слабо свиени надолу. Цветовите се со 6 чашкини и 6 венечни ливчиња и 6 прашника. Плодот е бобинчест, цилиндрично издолжен со црвена боја од 1–2 семки.[4]

  1. 1 2 Tropicos, Berberis aetnensis C.Presl
  2. Catalogue of Life: 31st May 2018[мртва врска]
  3. Presl, Carl Bořivoj. 1826. Flora Sichuanica 28
  4. 1 2 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија. Том I св.2. Скопје: Македонска академија за науките и уметностите. стр. 154. |access-date= бара |url= (help)
  5. Alterrvista Flora Italiana, Crespino dell'Etna, Berberis aetnensis Presl includes photos and distribution maps