Македонски Хрвати

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хрватите во Македонија)

Според пописот од 1994, во Македонија таа година живееле 2.248 Хрвати.[1] Бројот на Хрвати во Македонија порасна посебно во периодот меѓу 1946 до 1980 година, кога бројни Хрватски имигранти биле на служба во тогашната СР Македонија (во составот на СФРЈ).

Некои во Македонија останаа да живеат, а последицата е големиот број на мешовити бракови. Но, националната свест на Хрватите во Македонија е на висок степен, што сведочи и фактот дека тие многу добро го знаат хрватскиот јазик. Голем дел од Македонските Хрвати е од католичка вера

Долговременето престојување на Хрватите во Македонија и Грција сведочат и топонимите како Arvati' кај Долна Преспа, 'Harvati на Атика, и Harvation на Пелпонез, во Грција.

Најголемиот број на Хрвати во Македонија живеат во Скопје, вториот град по големина Битола и околу Охридското Езеро. Во 2006, Хрватскиот претседател Стјепан Месиќ и неговиот колега Никола Грујовски објавија дека Хрватите ќе бидат признати како национално етничко малцинство во Македонија.

Хрватите во Македонија се претставени од Заедница на Хрватите во Македонија (хрватски: Zajednica Hrvata u Republici Makedoniji).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „HIC“. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 2011-04-28.