Храбриот кројач (приказни од Браќата Грим)
Храбриот кројач е книга со приказни од Браќата Грим, издадена од „Детска радост“, во 1980 година, како 23 книга од библиотеката „Ѕуница“. Збирката е направена врз основа на германскиот оригинал под наслов „Приказни за деца и за семејството, собрани од Браќата Грим“ (Kinder und Hausmärchen gesammelt durch die Brüder Grimm), а преводот од германски јазик го извршила Ранка Грчева.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Книгата „Храбриот кројач“ е отпечатена во тврд повез, со формат од 21 сантиметар и има 157 страници. Таа е каталогизирана од НУБ „Климент Охридски“ - Скопје. Издавач на книгата е РО „НИП Нова Македонија“, ООЗТ „Детска радост“. Јазичната редакција е дело на Евтим Манев. Покрај приказните, книгата содржи и илустрации кои се дело на Миле Топуз. Технички уредник на книгата е Бошко Гичаревски. Книгата е испечатена во 2 000 примероци, во печатницата на РО НИП „Нова Македонија“ - Скопје.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Збирката содржи 25 сказни на Браќата Грим, како и поговор, напишан од Ранка Грчева. Во неа се застапени следниве приказни:[1]
- Пепелашка
- Кралот Дроздобрад
- Братче и сестриче
- Храбриот кројач
- Бременските градски музиканти
- Црвенкапа
- Волкот и седумте јариња
- Среќниот Ханс
- Мајсторот-крадец
- Снежана
- Трнорушка
- Шесте слуги
- Ранецот, шапката и рогот
- Белата змија
- Чевли излижани од танцување
- Волкот и лисицата
- Лисицата и мачката
- Лисицата и коњот
- Волкот и човекот
- Снешка и Руменка
- Ханс и Гретица
- Кралот на жабите или железниот Хајнрих
- Волшебната масичка, златоносното магаре и колецот од вреќата
- Доктор сезнајко
- Двајца браќа.