Храбар нов свет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Корица на првото издание

„Храбар нов свет“ (англиски: Brave New World) е роман на Олдос Хаксли, објавен во 1931 година. Дејството на романот се одвива во Лондон во 2540 година, каде што репродуктивната технологија и учењето во сон се комбинираат за да се промени општетсвото, кое е олицетворение на идеалите, кои ја формираат основата на футурологијата. Хаксли како одговор на оваа книга го напишал есејот Brave New World Revisited (1958) и неговото последно дело под наслов Остров (1962).

Во 1999 година издавачката куќа Modern Library го рангирала романот „Храбар нов свет“ на пето место на својата листа 100 најдобри романи на англиски јазик на 20 век [1].

Наслов[уреди]

Насловот на романот доаѓа од реплика на Миранда од "Бура" на Шекспир (дејство 5, сцена 1):

„О, чудо! Колку
прекрасни сушстетсва! Ах, колку прекрасни
биле луѓето! И колку си среќен
со нив, во новиот свет!“

Кратка содржина[уреди]

Храбриот нов свет е утопија, во која луѓето се среќни, здрави и технолошки напредни. Друштвото е хедонистичко кое има за цел да постигне среќата преку промискуитетен секс и дрогата Сома, постигнувањето на среќата е потпомогната со елиминирање на заедничките извори на човековата несреќа - семејството, уметноста, литературата, религијата и философијата. Главниот лик на делото е Џон Дивјакот, лице кое е родено во примитивен резерват на Светската држава.

Ликови[уреди]

По редослед на појавување[уреди]

  • Томас „Томи“
  • Хенри Фостер
  • Ленин Краун
  • Мустафа Монд
  • Бернард Маркс
  • Фани Краун
  • Бенито Хувер
  • Хелмхолц Вотсон

На мисата на солидарноста[уреди]

  • Моргана Ротшилд, Херберт Бакунин, Фифи Бредло, Џим Бокановски, Клара Детердинг, Џоана Дизел, Сароџини Енгелс, и Том Кавагучи.
  • Госпоѓица Кит
  • Примо Мелон
  • Дарвин Бонапарте

Во Малпаис[уреди]

  • Џон Дивјакот („Господин Дивјак“)
  • Линда
  • Попе

Позадински ликови[уреди]

Извори[уреди]

  1. „100 Best Novels“. Random House. 1999. http://www.randomhouse.com/modernlibrary/100bestnovels.html. конс. 23 јуни 2007.  This ranking was by the Modern Library Editorial Board of authors.