Хојо де Монтереј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хојо де Монтереј (шпан. Hoyo de Monterrey) е име на две марки на висококвалитетни пури, една кубанска (Хабанос СА), а другата хондурска (Џенерал Сигар).

Логото на Хојо де Монтереј

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1831, Дон Хозе Хенер и Батет емигрирал во Куба од Шпанија на 13 годишна ворзаст, каде работел на чичковата плантажа во Вуелта Абахо. Дваесет години подоцна, тој отвора своја фабрика за пури во Хавана и почнува со производство на сопствена производна линија наречена Ла Ескепсион. Во 1865, тој имал заработено доволно пари и купил еден од најдобрите поседи во Вуелта Абахо, по што регистрирал и производна линија со соодветно име: Хојо де Монтереј.

Буквално преведено од шпански ова значи „вдлабнатината на Монтереј“, заради конкавниот терен кој го претпочитаат одгледувачите на врвен тутун. Марката станала неверојатно популарна, особено на британскиот пазар, па фабриката на Хозе Генер потоа станала една од најголемите фабрики во Куба. Во 1900, Генер починал во Шпанија, и дејноста ја презема неговата ќерка Лутгарда Генер. Семејството работи со фирмата во следните триесет години.

Во 1931, семејството Генер ги продава марките на пури, и се концентрира на поседите со шеќерна трска кои веќе ги имаат. Купувачот на Хојо де Монтереј и Ла Ескепсион била фирмата Фернандез, Палисио и Др., кои ги придодале овие марки кон нивната веќе импресивна палета на производи: Панч и Белинда. Околу 1940-тите, била создадена серијата Ле Хојо, (заедно со серијата Chateaux од која подоцна настанува линијата Давидоф) за швајцарскиот дистрибутер А Дир Ко.. По смртта на ортакот Рамон Фернандез, Фернандо Палисио станал единствен сопственик на фирмата, и до 1958 неговите линии претставувале 13% од целиот извоз на хавански пури.

По поставувањето на ембаргото врз Куба од страна на САД, Фернандо Палисио се преселил во Флорида, каде потоа ги продал неговите линии на семејството Виљазон, кои и ден денес произведуваат Панч, Хојо де Монтереј и Белинда од хондурски тутун за американскиот пазар.

Со национализацијата на стопанството на Куба, Хојо де Монтереј продолжиле да се прозиведуваа и ја задржале својата популарност, како глобална марка. Меѓу познавачите особено ценети модели се Épicure No. 2, Double Coronas и серијата Le Hoyo.

Како глобална марка, Хојо де Монтереј е избирана за годишната Edición Limitada од 2000 год, па наваму. Во 2004 додаден е нов формат во производната линија наречен Petit Robusto, кој има и малку променета лента.

Хојо де Монтереј произведуваат и две машински-изработени цигариљоси: Mini и Midi.

Витоли на кубанскиот Хојо де Монтереј[уреди | уреди извор]

Кутија Petit Robusto
Кутија Short Hoyo Coronas

Ова е листа на витоли (формати) во рамките на производната линија на Хојо де Монтереј, со димензии во англиски и метрички систем, нивните vitolas de galera (фабрички имиња) и конвенционални имиња во американскиот жаргон за пури.

Рачно-изработени витоли

  • Double Corona - 7 5/8" x 49 (194 x 19.45 mm) Prominente, двојна корона
  • Churchill - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Julieta, черчил
  • Épicure No. 1 - 5 5/8" x 46 (143 x 18.26 mm) Corona Gorda, торо
  • Épicure No. 2 - 4 7/8" x 50 (124 x 19.84 mm) Robusto, робусто или ротшилд
  • Petit Robusto - 4 1/8" x 50 (102 x 19.84 mm) Petit Robusto, пети робусто
  • Hoyo Corona - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона
  • Short Hoyo Corona - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Mareva, пети корона

Machine-Made and Hand-Finished Vitolas

  • Palma Extra - 5 1/2" x 40 (140 x 15.87 mm) Crema, корона
  • Coronation - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Petit Corona, пети корона

Серија Le Hoyo

  • Le Hoyo des Dieux - 6 1/8" x 42 (155 x 16.67 mm) Corona Grande, долга корона
  • Le Hoyo du Député - 4 3/8" x 38 (110 x 15.08 mm) Trabuco, кратка панетела
  • Le Hoyo du Gourmet - 6 3/4" x 33 (170 x 13.10 mm) Palma, тенка панетела
  • Le Hoyo du Maire - 3 7/8" x 30 (100 x 11.91 mm) Entreacto, мала панетела
  • Le Hoyo du Prince - 5 1/8" x 40 (130 x 15.87 mm) Almuerzo, пети корона
  • Le Hoyo du Roi - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона

Edición Limitada

  • Particular (2000 and 2001) - 9 1/4" x 47 (235 x 18.65 mm) Gran Corona, президенте или гигант
  • Pirámide (2003)- 6 1/8" x 52 (156 x 20.64 mm) Pirámide, пирамида или торпедо
  • Épicure Especial (2004) - 5 1/2" x 50 (141 x 19.84 mm) Gordito, робусто екстра

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]