Хоја

Хоја или восочен цвет (латински: Hoya carnosa) се повеќегодишни растенија од ист род (Apocynaceae), кои често се одгледуваат како собни растенија. Името го добиле по Англичанецот Томас Хој, главен градинар на војводата од Нортамберленд во Сион Хаус, Мидлсекс, крајот на XVIII век. Поради восочен изглед, популарно се нарекува восочен цвет. Восочниот цвет се одликува со звездени бели цветови со црвена средина.
Опис на растението
[уреди | уреди извор]Хоја е еден од најраспространетите видови од овој род. Тие растат како ползачи по дрвјата на другите растенија, а при одгледување дома често се качуваат на ѕид без вештачка поддршка. Може да достигне висина од 20цм и ширина од 50цм. Таа е препознатлива по своите јајцевидни листови со должина од околу 5цм и ширина од 2,5цм.
Хоја обично цвета во текот на летото. Во природното живеалиште, главното цветање е во јуни, понекогаш проследено со друго во септември. Има слаб, но специфичен мирис. Медовида течност тече од цвеќињата.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Листови
- Цвет
- Цвет
- Цвет
- Цвет
- Цвет
- Цвет
- Цвет
- Tapinoma israele пие нектар од Hoya carnosa
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Архивирано на 17 април 2008 г.