ФК Хофенхајм 1899

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хофенхајм)
Хофенхајм
Logo
Целосно имеТШГ Хофенхајм 1899
ПрекарХофе
Основан1 јануари 1899
СтадионРајн Некар-Арена
Зинсхајм, Германија
Капацитет30,150
ПретседателГерманија Јохен Ротаус
ТренерГерманија Јулијан Нагелсман
ЛигаБундеслига
2021/22Бундеслига, 9-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

ТШГ 1899 Хофенхајм е германски фудбалски клуб од градот Зинсхајм. Во 2007, клубот одлучил да го усвои користењето на своето име во пократок облик Хофенхајм 1899 наместо традиционалното име ТШГ Хофенхајм.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот е основан во 1945 година, со спојување на гимнастичкиот клуб Турнверајн Хофенхајм (основан на 1 јуни 1899) и фудбалскиот клуб Фудбалверајн Хофенхајм (основан во 1921). Во почетокот на 1990-тите, Хофнхајм бил само локален аматерски клуб кој настапувал во осмата лига, Баден-Вуртемберг А-Лига. Маѓутоа, полека напредувале и во 1996-тата започнале да се натпреваруваат во Verbandsliga Nordbaden.

Околу 1990, со-основачот на софтвер компанијата SAP, Дитмар Хоп, уложува значајни парични средства во својот поранешен клуб. Неговите вложувања речиси веднаш донеле резултати: па во 2000-тата година Хофенхајм завршува како прв во Verbandsliga и се квалификува за Оберлигата, четвртото ниво на германскиот фудбал. Со уште едно освоено прво место, клубот дошол до Регионалнатта лига-Југ во сезоната 2001-02. Во својата прва сезона во Регионалната лига завршуваат на 13. место, но значајно се поправиле наредната сезона, кога завршиле на петто место.

Во наредните две сезони, Хофенхајм завршил на седмо и петто место, па и на четврто место во сезоната 2005-06. Сезоната 2003-04, клубот за првпат во својата историјата настапувал во германскиот куп во кое стигнале до четвртфиналето, во кое ги запира клубот од 2. Бундеслига, Либек. На тој пат до четвртфиналето ги исфрлиле Ајнтрахт Франкфурт, Карлсруе, и бундеслигашот Баер Леверкузен.

Во 2006 година, раководството на клубот донело неколку искусни играчи кој претходно играле во Бундеслигата, како што се Јохен Зајц и Томислав Мариќ, како и поранешниот тренер на бундеслигашите Штутгарт, Хановер и Шалке, Ралф Рагник, кој потпишал петгодишен договор. Тие вложувања во клубот се исплатиле во сезоната 2006-07, кога избориле промоција во 2. Бундеслига, откако завршиле на 2. место во Регионалната лига. Веќе следната сезона, Хофенхајм изборил промоција во Бундеслигата, откако завршуваат уште една сезона на второ место, и така клубот од село со 3,000 жители во сезоната 2008-09 за првпат заиграл во највисоката фудбалска лига во Германија.

Стадион[уреди | уреди извор]

Хофенхајм против Борусија Дортмунд во август 2011

Пред да избори промоција во 1. Бундеслига во 2008 година, клубот настапувал на Стадион Дитмар-Хоп, кој бил изграден во 1999 година со капацитет од 5000 (1620 седечки места). Повишените амбиции на Хофенхајм станале јасни во 2006 година, кога раководството на клубот одлучило да изгради нов стадион со 30.150 седишта, а новиот нивен дом го добил името Рајн Некар-Арена, погодна за угостување на квалитетните тимови од Бундеслигата. Првично стадионот бил во план да се гради во Хајделберг пред изборот на едно место во Зинсхајм.

Тие ја отвориле својата прва сезона во 1. Бундеслига на стадионот Карл-Бенц во Манхајм со капацитет од 26.022, и го одиграле тука својот прв натпревар додека нивниот нов стадион не бил отворен-на 31 јануари 2009 година.[1]

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален Состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Германија ГМ Тим Визе
2 Германија ОД Андреас Бек
3 Германија ОД Матијас Јисле
4 Германија ОД Штефан Тескер
6 Германија СР Себастијан Руди
7 Германија СР Борис Вукчевиќ
8 Србија СР Филип Малбашиќ
9 Германија НП Свен Шиплок
10 Белгија НП Игор де Камарго
11 Швајцарија НП Ерен Дердијок
12 Аргентина ОД Давид Абрахам
13 САД СР Даниел Вилијамс
14 Бразил ОД Крис
15 Франција ОД Матје Делпјер
16 САД ОД Фабијан Џонсон
17 Германија СР Тобијас Вајс
18 Шпанија НП Хоселу
19 Германија ГМ Јенс Грал
20 Тунис СР Ахмед Саси
21 Германија ОД Патрик Окс
Бр. Позиција Играч
22 Бразил СР Роберто Фирмино
23 Босна и Херцеговина СР Сејад Салиховиќ (К)
24 Австрија НП Михаел Грегорич
25 Перу СР Луис Адвинкула
27 Лихтенштајн СР Сандро Вајзер
28 Германија НП Пеле Јансен
29 Данска ОД Јаник Вестергор
30 Белгија ОД Коен Кастелс
31 Германија НП Кевин Фоланд
32 Германија СР Винченцо Грифо
33 Јапонија СР Такаши Усами
34 Бразил ГМ Еурељо Гомеш
36 Германија ОД Жереми Тољан
39 Германија НП Андреас Лудвиг
40 Германија ОД Стефан Шрок
41 Гана СР Афри Аква
42 Германија СР Еуген Полански
43 Германија СР Робин Шарка
44 Германија ОД Патрик Шор
45 Германија ОД Никлас Шуле

Познати поранешни играчи[уреди | уреди извор]

Последни тренери[уреди | уреди извор]

Последни тренери на клубот:[2]

Започнал Завршил Тренер
1979 1982 Германија Хелмут Зубер
1982 1982 Германија Мејнард Стаделбауер
1982 1984 Германија Руди Ебел
1984 1985 Германија Клаус Келер
1986 1989 Германија Хелмут Једеле
1989 1990 Германија Герхард Бол
1990 1992 Германија Егон Лудвиг
1992 1994 Германија Ханс Шрајнер
1994 1998 Германија Роланд Шмит
1998 1998 Германија Алфред Шон
1998 14 март 1999 Германија Рајмунд Лицау
15 март 1999 30 сеп 1999 Германија Гинтер Хиленбранд
31 авг 1999 12 март 2000 Германија Рико Вејганд
2000 30 јуни 2000 Германија Алфред Шон
1 јули 2000 19 ноем 2005 Германија Ханс-Дитер Флик
19 ноем 2005 23 дек 2005 Германија Роланд Дикгицер*
10 јан 2006 21 мај 2006 Германија Лорен-Гинтер Кјостнер
24 мај 2006 30 јуни 2006 Германија Алферд Шон*
1 јули 2006 1 јан 2011 Германија Ралф Рагник
2 јан 2011 30 јуни 2011 Германија Марко Пецауоли
1 јули 2011 9 фев 2012 Германија Холгер Станиславски
10 фев 2012 3 дек 2012 Германија Маркус Бабел
3 дек 2012 31 дек 2012 Германија Франк Крамер*
1 јан 2013 2 април 2013 Германија Марко Курц
2 април 2013 денес Германија Маркус Гисдол*
* Тренери на привремена должност.

Титули[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wirsol Rhein-Neckar-Arena Архивирано на 8 март 2012 г. (германски) weltfussball.de, accessed: 18 September 2011
  2. 1899 Hoffenheim .:. Trainer von A-Z (германски) weltfussball.de, accessed: 18 September 2011