Хотел Султанахмед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хотел Султанахмед
Sultanahmet Cezaevi
Поглед кон хотелот
Поглед кон хотелот
Податоци за хотелот
Место Султанахмед, Истанбул, Турција
Отворен 1918/1919

Хотелот Султанахмед (турски: Sultanahmet Cezaevi), е поранешен затвор којшто се наоѓа во населбата Султанахмед, во Еминоину, Истанбул, Турција.

Објектот бил изграден во периодот помеѓу 1918/1919 година, и претставувал првиот затвор во Османлиската империја кој бил изграден во современа конепција. Објектот е изграден во стил на неокласика, и се наоѓа веднаш до тогашниот суд, кој пак датира од 1845 година. На главната порта од затворот постои надпис кој гласи: Dersaadet Cinayet Tevkifhanesi.[1] Освен постојаните машки затвореници, овде биле притварани и малолетници и жени. На 25 јануари објектот бил напуштен по изградбата на затворот Сагмалцилар.[2]

Објектот долго време бил празен. Во 1992 година се донело одлука истиот да биде претворен во хотел.[3] Така, денеска овој хотел е еден од најпознатите во градот. Се наоѓа во близина на најголемите туристички атракции на градот: Аја Софија, Султан Ахмедова Џамија, Константинополски хиподром и Топкапи Сарај. Хотелот има 65 соби и 11 апартмани, со капацитет од 130 гости.[4]Осве хотелот, во објектот има отворено и ресторан со капацитет од 55 гости во зима и 95 во лето.[5]

Видете исто[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. From Sultanahmet Jailhouse to the Best Hotel in Europe:Four Seasons İstanbul ([мртва врска]). „Türkiye Seramik Federasyonu Dergisi“ (13): 84. January-February 2006 г. http://www.serfed.com/dergi/13/11mekan.pdf. 
  2. „1969 Yılının Önemli Olayları“. Nüve Forum (Turkish). 
  3. „Bakanlık eliyle kültür, tarih katliamı“. DernekTürk (Turkish). 
  4. „Four Seasons Hotel“. Turkey Travel Planner. 
  5. „Four Seasons Istanbul“. Five Star Alliance. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°0′23″N 28°58′48″E / 41.00639° СГШ; 28.98000° ИГД / 41.00639; 28.98000