Хостел 3
| Хостел 3 | |
|---|---|
Неофицијалниот омот на ДВД-изданието на македонски јазик | |
| Режисер | Скот Шпигел |
| Продуцент |
|
| Сценарист | Мајкл Д. Вајс |
| Заснован на | ликови од Илај Рот |
| Главни улоги |
|
| Музика | Фредерик Видман |
| Кинематографија | Ендру Страхорн |
| Монтажа | Џорџ Фолси Помладиот Бред Вилхајт |
| Студио |
|
| Дистрибутер | Sony Pictures Home Entertainment |
| Премиера | 27 декември 2011 г. |
| Времетраење | 88 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Претходен | Хостел 2 |
| IMDb | ID 1255916 |
Хостел 3 (англиски: Hostel: Part III) — американски филм на ужасите од 2011 г. во режија на Скот Шпигел. Ова е третиот и последен дел од трилогијата Хостел. Сценариото е напишано од Мајкл Д. Вајс. Ова е единствениот филм во серијалот во чие производство не учествувал Илај Рот и единствениот дел што немал кинопремиера. Во овој филм, дејството на „Елитниот ловечки клуб“ се сели од Словачка во Лас Вегас.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Во центарот на приказната се четворица мажи што доаѓаат на ергенска вечер во Лас Вегас. Таму, две девојки ги замамуваат да им се придружат на приватна забава подалеку од главната улица. Кога ќе пристигнат таму, тие со ужас откриваат дека станале дел од изопачена игра со мачење, каде што членовите на „Елитниот ловечки клуб“ го приредуваат најсадистичкото шоу во градот.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Брајан Халисеј | Скот |
| Кип Парду | Картер |
| Џон Хенсли | Џастин |
| Сара Хабел | Кендра |
| Скајлер Стоун | Мајк |
| Зулај Хенао | Ники |
| Томас Кречман | Флеминг |
| Крис Кој | Травис |
| Никола Шкерли | Виктор |
| Евелина Обоза | Анка |
| Кели Тибо | Ејми |
| Дерик Кар | Мосберг |
| Френк Алварес | Меса |
| Тим Холмс | Бердо |
| Бери Ливингстон | докторот |
| Алиша Вела-Бејли | Јапонката |
Објавување и критика
[уреди | уреди извор]Филмот бил објавен право на ДВД на 27 декември 2011 г. и добил мешани одзиви од страна на критичарите и публиката. Гледачите ги пофалиле приказната, ликовите и квалитетот на филмот со оглед на тоа што е издаден за домашна употреба, додека критикувани биле визуелните ефекти и слабата поврзаност со претходните два дела.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Eli Roth Not Involved with Hostel III“. ShockTillYouDrop. 2009-07-08. Посетено на 2025-07-11.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хостел 3 на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)