Хостел (филм од 2005)
| Хостел | |
|---|---|
Плакатот на филмот | |
| Режисер | Илај Рот |
| Продуцент |
|
| Сценарист | Илај Рот |
| Главни улоги |
|
| Музика | Нејтан Бар |
| Кинематографија | Милан Чадима |
| Монтажа | Џорџ Фолси Помладиот |
| Студио |
|
| Дистрибутер |
|
| Премиера | 17 септември 2005 г. (TIFF) 6 јануари 2006 г. (САД) |
| Времетраење | 94 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 4,8 милиони долари |
| Бруто-заработка | 82 милиони долари |
| Следен | Хостел 2 |
| IMDb | ID 0450278 |
Хостел (англиски: Hostel) — филм на ужасите од 2005 г., режиран од Илај Рот. Филмот премиерно бил прикажан на 17 септември 2005 г., а бил објавен во кината на 6 јануари 2006 г.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Тројца студенти — Американците Пакстон и Џош и Исланѓанецот Оли — патуваат низ Европа во потрага по забава и сексуални авантури. Во Амстердам, на една забава, го запознаваат Русинот Алексеј, кој им предлага да посетат еден хостел во Словачка, во близина на Братислава, исполнет со привлечни девојки. Следниот ден, тројцата тргнуваат со воз. Подоцна, во нивното купе влегува холандски стопанственик, чие чудно поведение особено го вознемирува Џош.
Во селото, тие се сместуваат во хостелот и веднаш се запознаваат со две девојки, Наталија и Светлана. Девојките ги носат во дискотека, каде на Џош му се слошува од чадот (поради астмата што ја крие) и излегува надвор. Таму е нападнат од група месни деца, но го спасува холандскиот стопанственик. Подоцна истата ноќ, Наталија и Светлана имаат секс со Пакстон и Џош. Следниот ден, Пакстон и Џош дознаваат дека Оли заминал. Јапонската туристка Кана, исто така гостинка во хостелот, им кажува дека исчезнала и нејзината пријателка Јуки. Додека шетаат низ градот, тие забележуваат човек што влегува во „Музејот на мачењето“ носејќи ја јакната на Оли. Пакстон добива порака од Оли: „Одам дома“. Разочарани, пријателите решиле да заминат од градот. Камерата открива дека главата на Оли е веќе отсечена, а некој во облека на месар се подготвува да ја мачи Јуки. Тој ја повредува нејзината нога со алат за сечење метал. Истата вечер, на Пакстон му се слошува во дискотеката и случајно завршува затворен во една остава од страна на вработен.
Џош се буди врзан за стол во подрумска просторија полна со разни инструменти. Маскиран човек во хируршка маска почнува да го мачи Џош со дупчалка. На крајот, тој ја тргнува маската и се покажува како холандскиот стопанственик. Тој објаснува дека отсекогаш сакал да биде хирург, но поради Паркинсоновата болест, морал да се занимава со бизнис, кој брзо му здодеал. И покрај молбите на Џош, стопанственикот му ги пресекува тетивите на нозете и му го пресекува грлото.
Пакстон се буди и се враќа во хостелот. Тој од администраторот дознава дека тој, Џош и Кана веќе се одјавиле вчера. Во својата соба гледа како веќе живеат други девојки што со истите зборови како Наталија и Светлана го викаат во сауна. Пакстон случајно ја наоѓа Светлана во еден местен бар, каде е и Наталија. Наталија му кажува дека неговите пријатели се на „арт-шоу“. Возачот ги носи Пакстон и Наталија во напуштена фабрика, каде на паркингот стојат многу раскошни автомобили. Наталија го води Пакстон до просторија во која холандскиот стопанственик го распарчува телото на Џош. Пакстон е фатен од обезбедувањето и додека го влечат низ ходниците, тој забележува дека во сите простории се мачат луѓе. Пакстон е прикован за стол од страна на еден „месар“, кој со моторна пила му отсекува два прста, но случајно се лизга и самиот се повредува со пилата. Пакстон наоѓа пиштол, ги убива своите мачители и се преоблекува во скап костум. Во џебот наоѓа посетница што открива дека тоа е „Елитен клуб“ каде може да се нарача жртва од која било националност за мачење (за Русин 5.000, за Европеец 10.000, а за Американец 25.000 долари). Пакстон го спасува јапонското девојче Кана, но е принуден да ѝ го отсече окото што испаднало од очната празнина. Тие успеваат да стигнат до железничката станица, но Кана, гледајќи го својот одраз во стаклото, се фрла под воз од очај. Пакстон успева да се качи во возот.
Додека седи во возот, Пакстон го слуша познатиот глас на холандскиот стопанственик. Возот пристигнува во Австрија. Пакстон го следи стопанственикот до јавен тоалет, каде на вратата става натпис „Затворено“. Кога стопанственикот се обидува да земе посетница на „Елитниот ловечки клуб“ од подот, Пакстон му ги отсекува двата прста со скалпел. Потоа го дави во тоалетната шолја и на крајот му го пресекува грлото, одмаздувајќи се за својот пријател. Пакстон го фрла скалпелот, повторно се качува на возот и мирно седнува.
Алтернативен крај
[уреди | уреди извор]Во режисерската верзија на филмот, Пакстон го следи холандскиот стопанственик што е во придружба на својата млада ќерка во јавен тоалет на железничка станица. Откако го наоѓа нејзиното плишано мече во женскиот тоалет, холандскиот стопанственик панично ја бара својата исчезната ќерка низ толпата. Потоа, Пакстон е прикажан во возот што веќе се движи, заедно со ќерката на стопанственикот, која тој ја грабнал.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Џеј Ернандес | Пакстон |
| Дерек Ричардсон | Џош |
| Ејтор Гудјонсон | Оли |
| Барбара Недељакова | Наталија |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Pirnia, Garin (9 април 2016). „11 Intense Facts About Hostel“. Mental Floss (англиски). Архивирано од изворникот 17 ноември 2020. Посетено на 25 април 2025.