Прејди на содржината

Хоспиталерска Малта

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хоспиталерска Малта, позната во малтешката историја како Период на Витезите (малтешки: Żmien il-Kavallieri,[1][2] букв.'Време на Витезите'), била де факто држава која постоела меѓу 1530 и 1798 година, кога медитеранските острови Малта и Гозо биле под владеење на Редот на Свети Јован од Ерусалим. Формално била вазална држава на Кралството Сицилија, а настанала кога императорот Карло V им ги дал островите, како и градот Триполи (во денешна Либија) на Редот, по протерувањето од Родос во 1522. Триполи паднал под османлиска власт во 1551, но обидот на Османлиите да ја заземат Малта во 1565 година бил неуспешен.

По Големата опсада во 1565 година, Редот одлучил трајно да се насели на Малта и започнал со градба на нова престолнина, Валета. Во следните два века, Малта доживеала златна доба, обележана со процут во уметноста, архитектурата, и општ напредок на малтешкото општество.[3] Во средината на 17 век, Редот станал де јуре сопственик на некои острови на Карибите,[4] со што станал најмалата држава што колонизирала делови од Америка.

  1. Ghirxi, Frans (1984). Żmien il-Kavallieri f'Malta.
  2. Grima, Joseph F. (2001). Żmien il-Kavallieri f'Malta 1530–1798. PIN Publications. ISBN 99932-41-11-3.
  3. „The culture of Malta throughout the millennia“. malta.com. Архивирано од изворникот на 4 March 2016.
  4. Mifsud, A. (1914). Knights Hospitallers of the Venerable Tongue of England in Malta. Valletta, Malta. стр. 246. ISBN 0-404-17009-9.