Прејди на содржината

Хосе Хоакин Морага

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хосе Хоакин де ла Сантисима Тринидад Морага (22 август 1745 - 13 јули 1785), познат само како Хосе Хоакин Морага, бил шпански колонијален истражувач и војник, кој го основал Сан Хосе, Калифорнија, во 1777 година.

Хосе Хоакин Морага бил роден на 22 август 1745 година, во Нова Навара, вицекралство на Нова Шпанија (во денешна област Санта Круз, Аризона). Тој бил син на Тенцин Морага.

Морага бил втор по команда по Хуан Баутиста де Анза во копнената колонизирачка експедиција од 1776 година од регионот Алта Калифорнија, кој станал дел од јужна Аризона и северно Мексико, до она што сега е Сан Франциско во Калифорнија. Кога де Анза се вратил на југ во воспоставената база во 1777 година, Морага бил задолжен со напорите за изградба на станови за колонистите и за воениот штаб.

Морага го основал градот Сан Хосе по наредба на Антонио Марија де Букарели и Урсуа, шпански вицекрал на Нова Шпанија. Градчето било основано во чест на Свети Јосиф на 29 ноември 1777 година, како прва официјална цивилна населба во Алта Калифорнија.

Морага починал во Сан Франциско во 1785 година и бил погребан во подот пред олтарот во католичкиот црковен комплекс во Сан Франциско, во 1791 година.

Наследство

[уреди | уреди извор]

Улиците во Сан Франциско, Калифорнија се именувани по Хосе Хоакин Морага и неговите колеги шпански истражувачи (де) Анза, (де) Аргуело, Балбоа и Кабриљо. Улицата Валенсија е именувана по Хосе Мануел Валенсија, кој бил член на двете групи, на де Анза и Морага.

Синот на Морага, Габриел Морага, роден во северниот пограничен регион на вицекралството на Нова Шпанија (во денешна јужна Аризона), исто така станал шпански војник во Алта Калифорнија. Со ранг на каплар, тој бил претставник на гувернерот во Сан Хосе.[1] Водел експедиции со цел истражување на долината Сан Хоакин на почетокот на 1800-тите години.

Градот Морага во Калифорнија, бил именуван по Хоакин Морага, внук на Хосе Хоакин Морага.[2]

  1. Leon Rowland (1980). Santa Cruz: The Early Years, p.29-32. Paper Vision Press. ISBN 0-934136-04-1.
  2. Clyde Arbuckle (1986). Clyde Arbuckle's History of San Jose. Smith McKay Printing. ISBN 978-99966-2-522-0.