Хосе Хервасио Артигас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хосе Гервасио Артигас
Juan Manuel Blanes - Artigas en la Ciudadela.jpg
Слика на Артигас, насликана од Хуан Мануел Бланес
ПрекариКарај-Гуасу
Роденјуни 19, 1764(1764-06-19)
Монтевидео
Починалсептември 23, 1850(1850-09-23) (воз. 86 г.)
Асунсион, Парагвај
ПочивалиштеПлаза Индепенденсија
ДржаваОбединети покраини на Рио де ла Плата
Служба1797–
Чингенерал
Битки/војниБританска инвазија на Рио де ла Плата
Португалска инвазија на Банда Ориентал (1811–12)
Аргентинска војна за независност
Португалско освојување на Банда Ориентал
Аргентинска граѓанска војна
ПотписJosé Gervasio Artigas 1813 signature.svg

Хосе Хервасио Артигас Арнал (шпански: José Gervasio Artigas Arnal, 19 јуни 1764 – 23 септември 1850) бил јужноамерикански и уругвајски политичар, генерал и активист за независноста на Уругвај. Тој се смета за национален херој на Уругвај и често се карактеризира како „татко на уругвајската државност“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Артигас бил роден во Монтевидео на 19 јуни 1764 година. Неговите предци биле од Зарагоса, Буенос Аирес и Тенерифе.[1] Неговите баба и дедо се бореле во Војната за шпанското наследство и се преселиле во Јужна Америка барајќи подобар економско-социјален живот. Тие се доселиле во Буенос Аирес во 1716 година.[2] Артигас бил син на Мартин Хосе Артигас и Франсиска Антонија Арнал, која пак потекнувала од богато семејство.Своето образование го започнал во „Колеџот Сан Бернандино“, првично учел теологија, но сепак Артигас не сакал да се потчини на строгите дисциплински мерки на училиштето. Пред да го напушти училиштето, тој развил силно пријателство во Фернандо Оторгес, кој подоцна ќе работи со него.[3] На 12 годишна возраст, тој се преселил во село и работел на фармата на неговото семејство. Тој период имал чести контакти со гаучосите и староседелците и тоа оставило силен впечаток врз него.[4] Штом станал полнолетен тој се одделил од своите родители и се вмешал во криумчарење со говеда. Тоа резултирало со објавување на потерница од страна на властите во Монтевидео и богатите сопственици на хациенди. Дури и се објавила награда за неговата смрт.[5]

Работите се промениле со почетокот на Англо-шпанската војна во 1796 година, со што имало опасност од британски напад врз вицекралството Рио де ла Плата. Вицекралот Антонио де Олагер и Фелиу со спогодил да му даде изземање на него и неговото семејство а како возврат требал да формира баталјон што би се борел против бристанската агресија.[6] Така, Артигас ја започнал својата воена кариера во 1797 година на 33 годишна возраст. Тој се стекнал со чин подофицир. Нападот се случил во 1806 кога Вилијам Белесфорд го нападнал Буенос Аирес при првата британска инвазија на Рио де ла Плата. Единицата на Артигас имала задача да ја патролира границата со Бразил, но Артигас побарал неговата единица да учествува во воената експедиција која била започната од Сантијаго де Линиерес во Монтевидео а со цел да се избркаат Британците од Буенос Аирес. Неговото барање било одобрено и британските трупи биле поразени. По ослободувањето на Буенос Аирес, тој имал задача да се врати во Монтевидео и да го информира гувернерот Паскуал Руиз Уидобро за резултатот на битките.[7] Следело и втора британска инвазија, овој пат со цел заземање на Монтевидео. Монтевидео бил заземен од британците за време на Битката за Монтевидео во 1807 година. Во таа битка Артигас бил заробен, но успеал да побегне и да се врати во внатрешноста на земјата. Тој организирал група на гаучоси и започнал герилска војна против Британците.[8] Британците се обиделе повторно да го заземат Буенос Аирес, но повторно биле поразени од локалните армии и со тоа го вратиле Монтевидео под шпанска контрола. По таа битка Артигас бил промовиран во капетан во 1809 година.[9]

„Ориенталната револуција“[уреди | уреди извор]

Идеите на Просветителството и почетокот на Полуостровската војна во Шпанија создале силни политички турбуленции во целата Шпанска Империја. Шпанскиот крал бил симнат од власт и наместо наго Французите поставиле свој. Сето ова ги разгореле Латиноамериканските војни за независност. Војните биле водени помеѓу патриотите (луѓе кои се залагале за основање републики или уставни монархии) и монархистите (приврзаници на шпанскиот трон).

Артигас, кој сметал дека гаучосите немале добар третман од власта, станал поборник на новите идеи. За време на Мајската револуција во 1810 година бил симнат од власт вицекралот во Буенос Аирес и се создала Примера хунта, првата аргентинска влада. Маријано Морено, кој бил секретар за војната, сметал дека Артигас бил силен противник на монархистите во Монтевидео и затоа го повикал во Буенос Аирес на интервју. Сепак, додека Артигас пристигнал во Буенос Аирес, Морено ја напуштил владата. Артигас не довил голема помош од Буенос Аирес. Тој бил промовиран во полковник, му дале пари и оружје и околу 150 луѓе. Сето тоа било малку да организира бунт или востание во Банда Ориентал (тогашно име на Уругвај). Ова е последниот пат кога Артигас бил во Буенос Аирес.[10]

Сцена од „крикот од Асенсио“.

Поради Мајската револуција, Шпанија го прогласила Буенос Аирес како „претстапнички град“ и го назначила Монтевидео како нов главен град на Вицекралството Рио де ла Плата (кое пак се распаѓало создавајќи нови независни држави), а на чело на тоа вицекралство бил назначен Франсиско Хавиер де Елио. Градот имал голем број финансиски проблеми и поради тоа Елио презел мерки за одржување на кралските приврзаници во градот. Тоа не било добредојдено од страна на народот, особено надвор од Монтевидео. Тоа го искористил Артигас и се обидел да го пренасчи незадоволството на народот од колонијалната власт.[11] Околу 100 луѓе се собрале во близина на малата река Асенсио, настан познат како „Крик од Асенсио“, или формално објавување на револт против вицекралот. Тие зазеле голем број села во Банда Ориентал, но и други поголеми населени места западно од реката Уругвај.[12]

Елио испратил војници да го убијат Артигас, но тие не успеале во нивната мисија. Потоа, тој го испратил Мануел Вилјагран, роднина на Артигас, да му понуди прошка и да се стекне со чин генерал. воен лидер на Банда Ориентал и да се откаже од востанието. Ова било сметано за навреда од страна на Артигас и го испратил Вилјагран како затвореник во Буенос Аирес.[12]

Многу набрзо Монтевидео било опколено од силите на Артигас. Монтевидејската армија се обидувала да ги спречи патриотите за време на Битката на Лас Пједрас, но тие биле поразени и градот бил под опсада. Хосе Рондо наредил силите од Буенос Аирес да се приклучат кон опсадата на Монтевидео. Артигас сакал веднаш да го нападне Монтевидео, но Рондо сметал дека би имало помал број жртви со основање на блокада и со чекање на градот сам да се предаде. Сепак, овие не го зеле предвид фактот дека Монтевидео имал монарица, која го снабдувала градот со залихи.[13]

Ориенталниот егзодус, сцена.

Веќе кога Елио почвствувал дека поразот се ближел, тој стапил во сојузништво со Бразил, кога побарал португалска инвазија на Банда Ориентал. Диого де Суса навлегол во Банда Ориентал и предводел армија од пет илјади војници. Паралелно со тоа се случил и поразот на Мануел Белграно во Парагвајската кампања, поразот на Хуан Хосе Кастелји во Првата горноперуанска кампања и монтевидејската морнаричка блокада. Сето тоа ги заплашиле властите во Буенос Аирес дека ќе претрпат голем пораз и така тие потпишале договор со Елио кога го признале како владетел на Банда Ориентал и пола од Ентре Риос. Ова било сметано за предавнички чин од страна на Артигас. Тој ги раскинал односите со Буенос Аирес и ја тргнал блокадата на Монтевидео.[14]

Артигас ја напуштил Банда Ориентал и се преселил во Конкордија во Енте Риос. Сите негови поддржувачи дошле со него. Ова масовно напуштање е познато како „Ориентален егзодус“.

Врховниот директор на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата, Хервасио Антонио де Посадас, понудил награда од 6.000 долари за фаќањето на Артигас, жив или мртов. Ова било дополнителен мотив за одбивноста кон Буенос Аирес од страна на Ориенталците (подржувачи на независноста на Банда Ориентал, т.е. Уругвај).Сепак, Артигас сè уште бил спремен да стапи во добро сојузништво со Буенос Аирес но само ако Обединетите покраини ја прифатат идејата за национална организација на државата базирана на федерални принципи.[15]

Посадас испратил уште две армии за да го фатат Артигас, но тие дезертирале и се приклучиле кон Оринеталците. Кога влијанието на Артигас се проширило и во Кориентес, Посадас барал да се спогоди со Оринеталците и прифатил автономија на покраините. Артигас ги прифатил условите, но напоменал дека таквата атономија не смее да значи национална независност. Тој не сакал да ја оддели Банда Оринетал од Обединетите покраини, туку сакал да основа конфедерација. Посадас го одложил одобрувањето на договорот.[16]

Буенос Аирес ги обновил воените акции против Монтевидео. Овој пат, воените морнарички вештини на Адмиралот Вилијам Браун помогнале при надминувањето на силата на монтевидејската морнарица со што се задал крајниот пораз на монархистичките упоришта. Карлос Марија де Алвеар го предводел заземањето на Монтевидео и го намамил Артигас со тоа што му ветил дека ќе го предаде градот во рацете на Ориенталците. Алвеар ги нападнал ноќе, но Артигас успеал да избегне од стапицата.[17]

„Лига федерал“[уреди | уреди извор]

Во 1814 година, Артигас ја организирал „Лигата на слободни народи“ или „Лига федерал де лос пуеблос либрес“ (Liga de los Pueblos Libres), за која тој се назначил за заштитник. Следната година тој го ослободил Монтевидео од „унитаристичките сили“ на Буенос Аирес.

Во 1815 година, Артигас учествувал на Конгресот на Ориенте, една година пред Тукуманскиот конгрес. Конгресот се одржал во Консепсион дел Уругвај и токму на овој конгрес поранешните покраини на вицекралството Рио де ла Плата, односно Провинсија Ориентал (Уругвај), Кордоба, Кориентес, Ентре Риос, Мисионес и Санта Фе (сите денес во Аргентина) објавиле независност од Шпанија и ја создале Федералната лига („Лига Федерал“). Тие ги поканиле и другите пранешни покраини од Вицекралството да ѝ се приклучат на лигата.

Лузо-бразилска инвазија[уреди | уреди извор]

Брзото растечко влијание и престижот на Федералната лига ја уплашила владата во Буенос Аирес (поради федералистичките идеали) и владата на Поратугалија преку својата колинија Бразил (поради републиканските идеали). Во август 1816 година Португалија преку Бразил навлегла во Источната Покраина (тогашното име на Уругвај во склоп на Федералната лига) сè со цел да го уништи Артигас и неговата револуција.

Португалските сили, предводени од Карлос Фредерико Лекор го фатиле Артигас и неговите заменици и го окупирале Монтевидео на 20 јануари 1817 година, но сепак борбите продолжиле во наредните три години во внатрешноста на покраината.

Разбеснет од пасивноста на Буенос Аирес, Артигас објавил војна на Буеснос Аирес (Обединетите покраини) додека губел на фронтот од страна на Португалците. Членовите на Лигата успеале да го поразат централизмот на Буенос Аирес, но надежите за нова нација биле краткотрајни. Двајца командири влегле во сојузништво со Буенос Аирес и го напуштиле Артигас. Го оставиле Артигас да биде сосема поразен од Португалија.

Без ресурси и луѓе, Артигас се повлекол во Парагвај во септември 1820. Умрел во Парагвај во 1850 година, по политичкото неприфиќање на парагвајскиот диктатор Хозе Гаспар Родригез де Франсија.

На 19 јуни 1977 година посмртните останки на Артигас биле донесени во Мавзолејот на Артигас на централниот плоштад во Монтевидео.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Los abuelos de José Artigas (The grandparents of José Artigas). Accessed October 5, 2010 at 11:35.
  2. Luna, p. 25
  3. Luna, p. 26
  4. Luna, p. 27
  5. Luna, p. 31
  6. Luna, pp. 31-32
  7. Luna, p. 20
  8. Luna, p. 23
  9. Luna, p. 33
  10. Luna, p. 39-40
  11. Luna, p. 41
  12. 12,0 12,1 Luna, p. 43
  13. Luna, pp. 44-46
  14. Luna, pp. 46-47
  15. Luna, p. 55
  16. Luna, pp. 55-59
  17. Luna, pp. 59-60

Литература[уреди | уреди извор]

  • Félix Luna, José Artigas: El caudillo revolucionario (José Artigas: The Revolutionary Leader). Buenos Aires: Planeta de Agostini, 2009.
  • Tyson Reeder, "'Sovereign Lords' and 'Dependent Administrators': Artigan Privateers, Atlantic Borderwaters, and State Building in the Early Nineteenth Century," Journal of American History, vol. 103, no. 2 (September 2016), pp. 323–346.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]