Прејди на содржината

Хосе Сантос Чокано

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хосе Сантос Чокано
José Santos Chocano
„Пејачот на Америка“
Роден(а)Хозе Сантос Чокано Гастањоди
14 maj 1875
Лима, Перу
Починал(а)декември 13, 1934(1934-12-13) (возр. 59)
Сантјаго, Чиле
Познат(а) попоет, писател, новинар, дипломат

Хозе Сантос Чокано Гастањоди (шпански: José Santos Chocano Gastañodi, 14 мај 1875 – 13 декември 1934), попознат по неговиот псевдоним „Пејачот на Америка“ („El Cantor de América“) - перуански поет, писател и дипломат. Неговите дела биле нашироко прифатени во Европа и Латинска Америка. Сметан од многумина за еден од најважните шпанско-американски поети, неговата поезија со грандиозен тон била многу звучна и полна со боја.

Тој создал лирска поезија со единствена интимност, рафинирана со формализам, во калапите на модернизмот. Неговата работа е инспирирана од темите, пејзажите и луѓето од Перу и од Америка. Тој станал најпопуларниот писател во Перу по Рикардо Палма, иако неговиот доминантен углед во перуанските книжевни кругови постепено се намалувала, во корист на друг голем перуански поет, Сезар Валехо .

Тој тврдел дека ја открил Латинска Америка преку стихови во својата збирка „Алма Америка“ од 1906 година, која содржела вовед од истакнатиот филозоф-поет Мигел де Унамуно . Чокано бил вмешан во многу насилни расправии со други интелектуалци и бил затворен затоа што пукал во новинар кој го критикувал. Чокано бил избоден до смрт во трамвај во Сантјаго од непознат напаѓач.

Чокано е запаметен од повеќето Перуанци како голем поет. Неговите песни „Блазон“, „Коњите на освојувачите“ и „Кој знае! ...“ се класици до ден денес во Перу.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Тој бил роден во Лима, Перу. Чокано се запишал на Националниот универзитет во Сан Маркос на рана возраст од 14 години.[1] По краток затворски рок поради политички активизам, тој се преселил во Мадрид на почетокот на 20 век. Во овој град неговите песни за прв пат биле препознаени од шпанските книжевни и уметнички кругови, поради што многу значајни уметници и писатели го поканиле да ги рецитира своите песни на нивните собири. Ова му овозможило на Чокано да комуницира со истакнати шпански и латиноамерикански интелектуалци и уметници како што се Хуан Грис [2] Мигел де Унамуно, Марселино Менендез и Пелајо и Рубен Дарио. На тој начин неговото име достигнало истакнат статус не само во Шпанија, туку и во Франција и низ цела Латинска Америка. Неговата збирка поезија од 1906 година, „Алма Америка“, била понудена и прифатена како коректив на „Новиот свет“ на наводно космополитскиот модернизам на Рубен Дарио. Чокано бил софистициран писател чија метрика и креативност биле барани од многу државници кои ги ангажираа неговите услуги како писател и советник. Работел за различни режими и патувал деценија и пол низ Латинска и Централна Америка, каде што се спријателил со различни политички личности од различни точки на идеолошкиот спектар, како што се Панчо Вила во Мексико, Мануел Естрада Кабрера во Гватемала и Вудро Вилсон во САД, со кого започнал преписка.[3] По државниот удар со кој бил соборен Естрада Кабрера во 1920 година, Чокано бил кратко време затворен, а потоа се вратил во Перу, каде што се поврзал со претседателот Аугусто Б. Легуија . На 5 ноември 1922 година, Чокано бил именуван од владата на Перу како најзначаен поет на Перу, а бил прогласен за „Поет на Америка“ на церемонија на која присуствувале самиот Легуија, разни министри, делегати од сите покраини на Перу и голем број млади и етаблирани писатели.

Три години подоцна, Чокано се вмешал во спор со мексиканскиот интелектуалец Хозе Васконселос. При тој спор, перуанските студенти застанале на страната на Васконселос, Чокано му се јави на новинарот Едвин Елмор за да се пожали на неговата неодамнешна статија за полемиката но набрзо следеле навреди и закани. Елмор брзо напишал статија во која детално бил опишан нападот на Чокано врз него и побрзал во својата канцеларија во весникот „ Ел Комерсио “ за да ја вметна. За жал, кога Елмор ја напуштал зградата, Чокано пристигнал до него, и откако Елмор го удрил Чокано, вториот извадил пиштол и го застрелал младиот новинар во стомакот. Елмор почина набргу потоа.

Ослободен по две години затвор, Чокано се преселил во Сантјаго, каде што живеел во крајна сиромаштија додека подготвувал нова збирка поезија. Тој бил избоден до смрт во трамвај во 1934 година. Извештаите се поделени околу тоа дали неговиот убиец бил странец, лудак или соперник во љубовна врска. Се смета дека неговото убиство имало врска со неговите политички ставови.

Чокано се смета за еден од најважните водачи на латино-американскиот модернизам, споделувајќи ја оваа карактеристика со Рубен Дарио ( Никарагва ), Мануел Гонзалес Прада ( Перу ), Хозе Марти ( Куба ), Мануел Гутиерез Најера ( Мексико ), Хозе Асунсион Силва ( Колумбија ) и други. Сепак, стилот на Чокано е тешко точно да се класифицира, бидејќи е многу разновиден и богат. Чокано бил многу плоден поет, кој исто така пишувал епски и лирски песни.

  1. „San Marquinos Ilustres del Siglo XX“. Sanmarquina Gazette. UNMSM. Архивирано од изворникот на 2008-04-23. Посетено на 21 May 2008.
  2. „José Victoriano González Pérez | Real Academia de la Historia“. Royal Academy of History. Посетено на 18 June 2019.
  3. „Iras No Santas“. Caretas. Архивирано од изворникот на 19 July 2018. Посетено на 21 May 2008.

Популарни книги

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]