Хор-Ба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрагмент што го содржи името на Хор-Ба најден во Џосеровата пирамида

Хор-Ба, исто така познат како Хор-птица, е име на фараон кој можеби имал многу кратко владеење помеѓу Првата и Втората династија во Египет.

Постојат многу малку веродостојни извори за името за Хор-Ба. Првиот познат атест на овој крал може да биде серех со птица пронајден од страна на Ф. Петри во гробот на Ка’а во Абидос. Друг почитлив натпис кој покажува серех со птица подоцна бил пронајден на фрагментот на ПД IV бр.108 во пирамидалниот комплекс на Џосер во Сакара. Еден натпис на вазна ПД IV n97 од Џосеровата пирамида може да се однесува и на фараонот Хор-птица.[1]

Многу малку се знае за фараонот Хор-Ба. Неколкуте археолошки докази упатуваат на постоење на еден или повеќе владетели по смртта на Ка’а и пред владеењето на Хотепсехемви, еден од кои можел да биде Хор-Ба.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Волфганг Хелк: Geschichte des Alten Ägypten . Брил, Лајден 1981,
Претходник:
Снеферка
Фараон Наследник:
Хотепсехемви