Хорологин Чојбалсан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е за личност, за други значења на поимот Чојбалсан видете Чојбалсан (појаснување)
Хорологин Чојбалсан

Хорологин Чојбалсан (монголски:Хорлоогийн Чойбалсан) бил комунистички водач на Монголската Народна Република од 1930-те па сѐ до неговата смрт. Роден е на 8 февруари 1895 а умрел на 26 јануари 1952 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Чојбалсан се образувал за монах. Подоцна, тој стапил во контакт со руски револуционери за време на неговиот пат кон Сибир. Тој ја основал неговата револуционерна организација во 1919 година и во 1921 година се придружил на Дамдин Сухбатор во Монголската Народна Револуционерна Партија. Откако руската војска во 1921 година навлегла во Урга и основала про-советска влада, Чојбалсан бил избран за министер за војна.

Наредните години Чојбалсан доминирал со неговата земја и до 1940 неговата позиција биле сосема стабилна и нерушлива.Тој ги држел двете позиции како претседател на Монголија и како премиер на Монголија. Според воените термини, тој некогаш бил одликуван како маршал. Чојбалсан бил близок соработник со советскиот водач Сталин.

Предлошка:Водачи на Монголија