Холтесбро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Холтесбро
Поглед на Холстебро
Холтесбро
Location of Holstebro in Denmark
Управа
 • градоначалник H.C Østerby
Население (2012)
 • Вкупно 34.378 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Портал holstebro.dk

Холтесборг е значаен град во Данска, поточно во западниот дел на државата. Градот се наоѓа во покрајната Средна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Холтесборг. Денес Холтесборг има околу 34.000 жители во градот и околу 57.000 во поширокото градско подрачје.

Природни услови[уреди]

Холтесборг се наоѓа во западниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен 340 километри западно.

Релјеф: Градот Холтесборг се наоѓа во зааднито дел на данскиот полуостров Јитланд. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 20-30 метри.

Клима: Климата во Холтесборг е умерено-континентална под влијание на Атлантикот и топлата Голфска Струја.

Води: Холтесборг се формирал во внатрешноста на Данска, подалеко од морето. Низ градот тече реката Сторе. Во околината на градот има повеќе помали езера.

Историја[уреди]

Подрачјето Холтесборг било населено уште во времето на праисторијата. Населбата прв пат се споменува 1274 година, а во 1552 година голем пожар го уништил скоро целито град.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население[уреди]

Денес во Холтесборг има околу 34.000 жители во градските граници и околу 57.000 жители со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Холтесборг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]