Прејди на содржината

Холоп

Од Википедија — слободната енциклопедија

Холоп — вид на феудален кмет (зависно население) во Киевска Русија од 9-тиот и почетокот на 12-тиот век.[1] Нивниот правен статус во Русија во суштина бил ист како и статусот на робовите.[2] Тие биле продавани како кој било друг имот на нивниот господар до реформата за еманципација во 1861 година. Терминот холоп бил исклучен од официјална употреба во 1724 година, но тој останува во народна употреба како вид навреда.

Етимологија

[уреди | уреди извор]

Староисточнословенскиот збор холо́п, првпат се споменува во хроника од 986 година од нашата ера. Зборот е сроден со словенските зборови преведени како „маж“ или „момче“ (украински: хлопець, полски: chłopiec, бугарски: хлапе/хлапак - „дете“). Хлап е синоним за „човек“ на словачки (хлапец е димунитив и значи „момче“).[3] Ваквите премини меѓу значењата „млад човек“ и „слуга“ (во двете насоки) се вообичаени, што е очигледно и од англиската употреба на „момче“ во смисла на „домашен слуга“.  

Својства

[уреди | уреди извор]
Уништувањето на Холоп Приказе во 1682 година

Руска правда, правен кодекс од доцен Киевски Рус, го детализирал статусот и видовите на кметови од тоа време.

Во 11-тиот и 12-тиот век, терминот се однесувал на различни категории на зависни луѓе и особено на робови. Господарот на кметот имал неограничена моќ над неговиот живот, тој можел да го убие, да го продаде или да ја пренесе сопственоста врз него за да подмири долг. Господарот бил одговорен за постапките на неговите слуги, вклучувајќи навреда на слободен човек или извршување на кражба.

Едно лице можело да стане холоп како резултат на фаќање како плен, предавање, поробување, продавање за долгови, по извршено злосторство или преку брак со холоп. До крајот на 15-тиот век, овие кметови претставувале мнозинство меѓу слугите, кои работеле на земјите на нивните господари. Некои кметови, главно куќните кметови, ги надополнувале редовите на кнезовите-слуги (вклучувајќи ги и оние во војската) или се занимавале со занаети, земјоделство или административни активности.

Во текот на целиот 16-ти век, улогата на холопството во кулучката економијата била смалена поради зголемената застапеност на селска експлоатација. На преминот од 16-тиот век, класата на услужни кметови (руски: служилое холопство) почнала да се појавува и да се шири низ целата земја. Кон крајот на 17-тиот век, имало и кметови „имплантирани“ во нивната земја (посаженные на землю), кои се грижеле за сопственото домаќинство и морале да плаќат чинш (вид данок). Оние холопи, кои биле куќни кметови, биле предмет на анкетен данок (данок по душа, подушная подать) во 1722–1724 година, а потоа биле третирани како обични кметови (крепостние, „постојани селани“).

Боени кметови

[уреди | уреди извор]
Воени кметови во 16-тиот век.

Боени кметови (на руски: боевые холопы, „борбени робови“), исто така познати како „воени робови“ во литературата,[2] биле вооружена свита и лична заштита за големите и средните земјопоседници од 16-тиот до 18-тиот век, и извршувале воена служба заедно со благородниците, сочинувајки значителен дел од армијата. Тие биле опремени како стрелци, обично носеле евтин ватиран оклоп и капи.[4]

Должнички робови

[уреди | уреди извор]

Кабалските кметови биле варијација на холопци во Московија од 15-тиот до 17-тиот век. Оваа категорија на неслободно население била под условот „кабала" (тешко должничко ропство), односно по паричниот заем, тие за процент од позајменото морале да му служат на својот доверител до целосната исплата на долгот.[5] Правниот статус на овие кметови бил регулиран со општите холопсови норми и закони, односно со Судебникот од 1550 година, и Соборноје Уложение од 1649 година. По указите од 1 февруари 1597 година, бил воспоставен принципот на служба до смртта на доверителот.[5] Со текот на времето, сите видови холопци биле ставени под категоријата должнички робови. Договорите за кабала биле впишани во „Кабалските книги“.[5]

  1. Shemshuchenko, Yuri. „ХОЛОПИ“ [holopi ("serf")]. Юридична енциклопедія (Legal Encyclopedia) (leksika.com.ua) (украински).
  2. 1 2 Perrie, Maureen; Lieven, D.C.B.; Suny, Ronald Grigor (2006). The Cambridge History of Russia. Cambridge, UK: Cambridge University Press. ISBN 9780521812276. OCLC 77011698.
  3. Vasmer, Max (1959–1961). „холоп“. Etymological Dictionary of the Russian Language. Преведено од Trubachyov, O.N.
  4. Viskovatov, Alexander Vasilyevich (1841–1862). Историческое описание одежды и вооружения российских войск [Historical Description of Clothing and Weapons of Russian Troops] (Второе изд. – 2nd. изд.). St. Petersburg, RU: Chief Quartermaster Exerc. Посетено на 2018-03-21 преку runivers.ru. — Detailed descriptions of the military and civil clothing in Russia from 862–1855 CE.
  5. 1 2 3 „КАБАЛЬНІ ХОЛОПИ“ [debt slaves ("kabalni holopi")]. Ukrainian Soviet Encyclopedia (украински) преку leksika.com.ua.