Холкрофтовата спогодба (филм од 1985)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Холкрофтовата спогодба (англиски: The Holcroft Covenant) е филм на режисерот Џон Франкенхајмер од 1985 година, снимен според романот на Роберт Ладлам. Главните улоги ги толкуваат: Мајкл Кејн, Ентони Ендруз, Викторија Тенан и Лили Палмер.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Ноел Крафт (го игра Кејн) е Германец кого по завршувањето на Втората светска војна го посвојува едно американско семејство. Неколку децении подоцна, средовечниот Ноел дознава дека неговиот биолошки татко, кој бил еден од клучните Хитлерови економски саветници, по смртта му оставил четири милиони долари. На почетокот, Ноел верува дека парите биле наменети за плаќање на отштетата на жртвите на Хитлеровиот режим, но подоцна дознава дека тие биле наменети за финансирање на новиот нацистички режим што треба да се создаде во иднина. Кога неонацистите дознаваат дека Ноел ги открил нивите планови, тие го бркаат низ цела Европа, побидувајќи се да го убијат и така да го изградат Четвртиот рајх.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]