Холандски референдум за Европскиот устав, 2005

Од Википедија — слободната енциклопедија
Холандски референдум за Европскиот устав во 2005
1 јуни 2005 (2005-06-01)

Дали сте за или против Холандија да го одобри Договорот за воведување на Европски устав?
МестоположбаХоландија
Исход
Исход
Гласови %
За 2.940.730 &1000000000000384600000038,46%
Против 4.705.685 &1000000000000615400000061,54%
Важечки гласови 7.646.415 &1000000000000992400000099,24%
Неважечки или празни гласови 58.781 &100000000000000760000000,76%
Вкупно гласови 7.705.196 100.00%
Eligible to vote/излезност 12.172.740 &1000000000000063300000063,3%
факултативен референдум

Холандскиот референдум за одобрување на договорот за воведување на Европскиот устав беше консултативен референдум којшто беше одржан на 1 јуни 2005 година за да се одлучи дали Холандија ќе го ратификува предложениот Устав на Европската Унија.

Гласањето беше одржано на првиот национален референдум одржан по повеќе од 200 години и не зависеше од владата што значеше дека иако електоратот го одбие Уставот тој теоретски сè уште би можел да биде ратификуван од државата. Владата рече дека и покрај тоа што ќе мора да го почитуваат одлучувачкиот резултат излезноста на гласачите беше 30%. Официјалните резултати велат дека 61.6% од гласачите гласале против Уставот при излезност од 63.3%.

Прашањето што им беше поставено на гласачите гласело:

Дали сте за или против Холандија да го одобри Договорот за воведување на Европски устав?

Можните одговори беа за (voor) и против (tegen). На некои гласачки места во поголемите градови беше можно да се остави празно гласачкото ливче. Оваа опција не се броеше во резултатите,но им дозволи на гласачите да гласаат воздржано.

Референдумот се одржа само 3 дена откако францускиот референдум за Уставот беше завршен со одбивање. Поради тоа што сите земји - членки на Европската унија мора да го ратификуваат Договорот за да стапи на сила, некои сметаа дека холандскиот референдум е непотребен. Но припадниците на холандската кампања за Уставот апелираа до електоратот да избегнат да ја оштетат позицијата на Холандија во Европа на истиот начин како што тоа го направија Французите во некои делови што ја ослабнаа позицијата на Франција. Пред плебисцитот многу припадници на кампањата против Уставот го изразија својот став дека француското одбивање на Договорот ќе ги охрабри Холанѓаните да го следат нивниот став. Второто не на референдумот во една од основачките земји на проектот за европска интеграција беше оценето како поседување моќ за да го убие Договорот. Анкетите на јавното мислење во деновите пред референдумот покажаа дека кампањата против Уставот има јасно водство.

Кампања[уреди | уреди извор]

Владеачката и поголемите опозициски партии што сочинуваат 80% од пратениците во државниот парламент го поддржаа Уставот заедно со поголемите весници. Партиите на коалицијата Христијански демократски апел, Народна партија за слобода и демократија и Демократи 66 ја поддржаа кампањата за Уставот како и опозициската Лабуристичка партија и Зелената левица. Социјалистичката партија, Листата Пим Фортјун, Групата Вајлдерс, Реформираната политичка партија и Христијанскиот сојуз и се приклучија на кампањата против Уставот.

Резултатот е очигледен бидејќи најголемата партија од кампањата против Уставот беше Социјалистичката партија којашто освои 6% од гласовите на последните избори. Кампањата за Уставот беше поддржана од сите поголеми политички партии (поголемиот дел од нив беа претходно и директно оние против коишто се гласаше и загубија на изборите).

Анкетите на јавното мислење во месеците пред гласањето покажуваа поделба на јавноста во врска со ова прашање, но како што референдумот се приближуваше кампањата против Уставот имаше јасно водство;но повеќе од половина од електоратот призна дека знае многу малку или воопшто не знае за содржината и одредбите од Уставот.

Популарното гласање преку интернет наречено референдум визер започна на 21 април, но наиде на критики дека влијае врз Уставот посочувајки дека дури тие коишто најмногу се против Уставот добиваат позитивни одговори за него, бидејќи прашањата за демократијата и животната средина не се толку важни за Уставот.Телевизиските програми со кампањата за Уставот предизвикаа контроверзност за зголемување на можноста од војна и хаос во Европа ако Уставот беше одбиен. Најемотивната од сите реклами што прикажуваше емотивни слики од холокаустот и масакрот во Сребреница никогаш не беше емитувана во кампањата за Уставот, но националните вести добија нов изглед и се посирамашни информации.

Анкетата на ТНС/НИПО од 19 мај покажа дека 38% од луѓето имаат намера да гласаат од кои 27% за и 54% против Уставот. Анкетата на истата организација од 30 мај 2 дена пред референдумот дојде до заклучок дека 58% од тие што ќе гласаат ќе гласаат против Уставот.Како што се приближуваше референдумот, припадниците на кампањата за Уставот предвидуваа пораз, а некои дури искажаа олеснување заради француското одбивање на Уставот земајќи го предвид фактот дека Холандија нема да биде првата и единствена држава која ја попречува ратификацијата иако францускиот резултат на кампањата против уставот и даде поголема легитимност и прифатеност и и сугерираше на јавноста дека позицијата на Холандија во Европа нема значајно да биде оштетена ако се гласа против иако некои одеа дотаму и велеа дека Холандија ќе изгледа како будала пред останатите држави во Европа.

Причини за одбивање[уреди | уреди извор]

Според анкетата на Морис де Хонд, 30% од противниците на Уставот го искористија референдумот како можност да ја покажат своето незадоволство од владата наместо да ги ограничат своите размислувања на содржината од Договорот којашто беше ставена пред нив.За време на референдумот холандската централно десно ориентирана коалициона влада предводена од Јан Петер Балкененде поминуваше низ период на непопуларност, бидејќи се обиде да ги намали јавните трошоци и имаше широка алузија со политичката елита на земјата.

Некои проблеми поврзани со Европската унија што ги поттикнаа гласовите против Уставот не беа цврсто поврзани со одредбите на Уставот. Дебатата за пристапот на Турција кон Европската унија како и земјите од Источна Европа наметна стравови од зголемување на имиграцијата или немање работни места во новите земји - членки. Исто така, Холандија не одржа референдум за еврото и тоа покрена грижа дека неговото прифаќање ќе доведе до зголемување на трошоците за живеење (комбинирано со статусот на холандските граѓани е најголемо по глава на жител во Европската унија), околу 30% од гласачите ја искористија можноста да му се одмаздат на политичкото раководство што бараше зголемување на европската интеграција на начин што тоа не ја вклучуваше јавноста до оној степен до којшто требаше да биде направена.

Поголема група гласачи гласаа против од причини што беа поврзани со самиот Устав.48% мислат дека новиот Устав беше полош од постоечките договори и 44% го сметаа намаленото влијание на Холандија во Европската унија дека ќе се подобри со Договорот што е важна мотивација.Поврзан со ова е и стравот дека ќе станат предоминантни некои држави во Европската унија (посебно Обединетото Кралство,Франција и Германија).Перцепцијата на агресивен и решителен став од кампањата за Уставот одврати многу гласачи.Министерот за правда Пјет Хен Донер предупреди дека одбивањето би ги зголемило можностите за војна и изјави дека Х во ХДА (за христијански) имплицира дека гласате за Уставот.Министерот за економија Лоренс Јан Бринкхорст рече дека светлата ќе се изгасат во случај Уставот да биде одбиен и дека Холандија ќе стане „Швајцарија во Европа“. Народната партија за слобода и демократија се повлече од контроверзното телевизиско емитување каде што одбивањето беше поврзано со холокаустот, геноцидот во Сребреница и терористичките напади од 11 мај 2004 година во Мадрид. Ова сериозно и наштети на кампањата за Уставот.

Надворешни врски и наводи[уреди | уреди извор]